Еве зошто секој ден треба да јадете суви сливи (особено ако сте жена во менопауза)
Сливите се многу добар извор на витамини, главно богати се со витамин А, влакна, потоа минерали (и тоа првенствено калиум и железо), поради што нутриционистите на сите им се препорачуваат да јадат барем неколку парчиња од ова суво овошје дневно.
Сепак, консумирањето на суви сливи најмногу им се препорачува на луѓето кои страдаат од затвор и на жените во постменопауза. Многу ефикасно решение во случај на затвор ги прави тоа што изобилуваат со влакна, како растворливи, така и нерастворливи. Сувите сливи се користат за оваа намена така што неколку парчиња, отприлика една рака, најпрво добро се мијат со топла вода, потоа се ставаат во студна вода и се оставаат да отстојат околу половина час, а потоа се варат на тивок оган околу 15 минути.
Вака направениот компот се пие додека е топол, при што треба да се пие и сокот и да се јадат сливите. Не е неопходно да се додаде шеќер. Ако не помогне една чаша компот, тогаш треба да подготвите и да испиете уште една.
Сувите сливи можат да се користат и од страна на луѓе кои страдаат од хроничен запек, бидејќи така не ризикуваат никакви можни последици, што од вештачките лаксативи не е случај.
Тоа дека сувите сливи не се штетни, потврдено е и од страна на фактот дека педијатарите ги препорачуваат на малите деца, па дури и на бебињата, препорачувајќи сладок сок од суви сливи, кој ги елиминира грчевите во стомакот и воспоставува нормална перисталтика во цревата.
Кога станува збор за жените во менопауза, јадењето суви сливи се препорачува како превенција од остеопороза и можни фрактури на коските, кои за жал се чести придружник поради намалена густина на коските, како главен индикатор на остеопороза. Тоа дека сувите сливи се корисни за проблеми со густината на коските во постменопауза, беше потврдено и од една студија спроведена на Универзитетот во Флорида. Во оваа научна студија беше следено здравјето на 100 жени, од кои 55 од нив секојдневно цела година јаделе суви сливи, а останатите 45 суви јаболка. Се покажа дека жените од првата група, односно оние кои редовно јаделе суви сливи, имале значително подобра коскена густина од жените од другата група.