Наши ѕвезди

Еве зошто НЕ можеме да престанеме да гледаме во ова издание на НАЈПОПУЛАРНИТЕ дами во редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Advertisement

Фустани и политика, колку тоа добро звучи!

Рашела Мизрахи

Не знаеме за вас, но нас дефинитивно не радува фактот што оваа политичка сезона на сцената имаме многу повеќе дами отколку во сите претходни години заедно. Или барем така нам ни се чини затоа што во преден план и во двете партии имаме претставнички на понежниот пол. И можеби се уште не доволно, но очигледно дека во овој контекст работете во нашата земја одат во позитивна насока, а посебно не радува што тоа можеме да го забележиме и во редовите на една конзервативна партија каква што е ВМРО-ДПМНЕ. Но како што досега милион пати сме кажале, нас не нé интересира политиката, туку се обидуваме во се што ни се случува да го пронајдеме само она најубавото.

Advertisement

И токму затоа за денес во фокусот ни се овие две прекрасни дами кои со едно од своите последни изданија не само што ни покажаа дека се подготвени за политика, туку и за волшебната игра со бои, форми и кроеви. Тие многу добро знаат што е во тренд, како истото да го носат и да изгледаат мошне елегантно, модерно и женствено, па ако сакате и сензуално, посебно заради изборот на нивните фустани.

Тие и двете носат женствени и заводливи модели кои можат да го задоволат секој вкус и стил на секоја дама.

Рашела Мизрахи

Во прашање се долги летни фустани кои можеме да ги носиме од утро до мрак, кои се идеални за прошетка низ градот, но и со мали интервенции можат да се претворат и во одличен избор за свечени вечерни пригоди.

Advertisement

Рашела овој пат одлучи да носи риги кои се апсолутен хит веќе неколку сезони, посебно во комбинација со вака тренди бои, додека нејзината сопартијка, професорката Гордана, ја избра најпопуларната летна боја која во комбинација со нејзината црвена коса изгледа прекрасно.

Фото: Фејсбук/ Рашела Мизрахи

Таа целото издание го заокружи со голема чанта повторно во пастелна розова нијанса и заштитна маска во слична боја, додека Рашела со чантичка во жолта боја, ѓердан во впечатлива сина боја и со нејзината ретро фризура од која не можеме да престанеме да се воодушевуваме.

Па инспирирани од овие изданија на овие две дами решивме да направиме една галерија со најубавите летни фустани за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат.

Oscar De La Renta
Faithfull The Brand
Zimmermann
Versace
Dolce & Gabbana
Redemption
Dolce & Gabbana
Erdem
Zimmermann
Lisa Marie Fernandez
Erdem
Emilia Wickstead
Borgo De Nor
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Etro
Norma Kamali
Kenzo
Stine Goya
Loro Piana

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button