Еве зошто Кејт Мидлтон ја сакаат и нашите дами – војвотката во ФЕНОМЕНАЛЕН фустан од 6000 денари ги воодушеви сите!
Новиот фустан на војвотката од Кембриџ ги воодушеви сите
Но и овој пат не е во прашање скап и гламурозен модел, туку парче што може да си го дозволи секој.
Фустанот на шармантната Кејт Мидлтон наиде на овации кај жените, посебно што чини околу 600 денари.
Во прашање е фустан со макси должина, во маслинесто зелена нијанса, кој е идеален со топло време.
Можете да го носите како со чевли така и со патики, а зрачи со софистицираност заради детаљот на деколтето. Тантелата која е сведено сошиена и која оваа сезона е „маст-хев“ совршено се вклопи со бојата, но и со материјалот и дезенот на фустанот, а убавата Кејт изгледаше прекрасно во него.
Омилената боја на војвотката
Кејт многу често можеме да ја видиме во зелено. Бидејќи негува класичен стил на облекување, оваа боја за неа е одлична за комбинирање. Секако дека не сакаме да кажеме дека зелената е новата црна, но Кејт оваа боја ја препозна како најпријатна и најелегантна за нејзиниот моден стил.
Не ретко можеме да ја видиме како ја носи на различни настани патувања и гостувања. Голем дел од фустаните што ги носеше во оваа боја во изминатиот период се најдоа на листите меѓу најбараните тоалети на сите времиња, а некои од нив погледнете во продолжение.
Па, дали ви се допаѓа стилот на војвотката?