Реклама
Наши ѕвезди

Еве зошто Вања Кнежевиќ нема да ја вратат во Ѕвездите на Гранд – ОТКРИЕНИ НОВИ ДЕТАЛИ што НE беа познати досега

Реклама

Името Вања Кнежевиќ веќе со денови се слуша на сите страни откако беше дисквалификувана од Ѕвездите на Гранд.

Фото: Принтскрин/ Гранд

Деновиве се огласи и Ѓорѓе Давид кој ги предупреди своите кандидати да не го коментираат случајот со Вања Кнежевиќ.

Во спротивно тој ќе ја прекине соработката со нив.

Маркетинг

Пејачот по скандалот со Вања Кнежевиќ која на барање на Јелена Карлеуша беше дисквалификувана од музичкото шоу се огласи и јавно го изнесе својот став. Тој откри дека секогаш ќе му биде лојален на Гранд и дека ќе застане на страната на својата колешка, без разлика кој е во право.

Фото: Принтскрин/ Гранд

„Еден од моите поранешни кандидати се огласи и го поддржа девојчето, па почнаа мене да ме повикуваат на Инстаграм. Јас на моите ангели им кажав ‘кој ќе го поддржи ваквиот чин, со мене нема да работи’. Јас сум лојален на оваа фирма – откри Давид во емисијата „Шок Ток“.

Маркетинг

Да потсетиме, еден од неговите кандидати кој што испадна во претходните кругови, Ненад Димитровиќ, се огласи и јавно застана на страната на Вања.

Фото: Принтскрин/ Гранд

„Страшно ме нервира оваа неправда која што и е направена на Вања. Кандидатите молчат бидејќи ни е кажано дека не смееме ништо да подржиме од она што таа ќе го објави. Искрено, ме боли уво за Гранд, би можело сé и сешто да се каже, но сепак се надевам дека постои некоја космичка правда која што ги чека сите тие лоши луѓе“, напиша Ненад, а потоа ја избриша објавата.

„Од сето ова излегов како победничка“

И Саша Поповиќ како гостин во една телевизија се осврна на целиот настан и за Вања Кнежевиќ изјави дека за неа негативните коментари биле најголем маркетинг во популарното музичко талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Принтскрин/ Гранд

По ова се огласи и Вања која изјави дека повеќе не сака да ја коментира целат приказна и да им го крева рејтингот.

Еве што друго напиша таа:

„Само што си дојдов од Белград. Ова отиде предалеку. За жал, морам повторно да реагирам. Не можам да дозволам да се шират невистини за мене. Сé е претставен погрешно, гледам дека народот знае што е вистина. Не сакам ништо да се става под тепих, ме навредуваа. Поминав преку се, но по емотивната емисија ја добив вистинската слика за сé. На сé реагирав културно и смирено. Саша секогаш се фаќа за моите „Инстаграм приказни“, а навредите кон мене во емисијата, по емисијата? За тоа не сака да зборува“ напиша Вања и додаде:

Фото: Инстаграм/ Вања Кнежевиќ

„Јас од сето ова излегов како победник. Не е за пофалба да се фали дека имале големи рејтинзи, но им простувам се. Важно е кој е човек, им простувам и за малтретирањето“ – продолжи Кнежевиќ иако Поповиќ во утринскиот програм ја прикажа целата ретроспектива од нејзините настапи во кои доби голем број пофални зборови токму од Јелена Карлеуша.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

„Кога размислувавме дали да ја вратиме во натпреварот, таа на својот профил објави дека Ѕвездите на Гранд се мизогинија, медиокритет и простаклук, и напиша дека е среќна што засекогаш завршила со ваков вид на натпревар и изјави пред сите новинари дека доживеала психичка злоупотреба и малтретирање, а знаете ли вие што е тоа?“

Фото: Инстаграм/ Вања Кнежевиќ

„За Вања Кнежевиќ негативните коментари беа најголем маркетинг во Ѕвездите на Гранд, и сеа по сето таа вели ‘среќна сум што завршив со ваков вид натпревар и доживеав психичко насилство’, ве молам ‘психичко насилство’“, повтори Саша во српската телевизија Прва.

Фото: Принтскрин/ Гранд

Фото: Инстаграм/ Вања Кнежевиќ

Фото: Принтскрин/ Гранд

Фото: Принтскрин/ Гранд

Фото: Принтскрин/ Гранд

Фото: Принтскрин/ Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button