Реклама
Наши ѕвезди

Душан освен децата ѝ ги собрал и парите: Тања Савиќ открива како сопругот ги пренел преку граница без нејзина согласност

Реклама

Популарната српска пејачка Тања Савиќ во јавноста обелодени дека нејзиниот сопруг ги одвел децата во Австралија без нејзина согласност, а многумина се запрашаа дали тоа воопшто е можно.

„Од неколкуте верзии што ги слушнав, овие звучат најреално. За 20.000 евра, кои јас, секако ги заработив, купил четири авионски карти за бизнис класа, за на аеродромот да каже дека „мајката не може да патува зошто добила температура“, откри пејачката и продолжи.

Маркетинг

„Тоа е веројатно, звучело убедливо доволно, а не ме чуди и тоа ако го фалсификувал мојот потпис. Секогаш ги имаше сите документи кај себе, зошто сакаше токму се да контролира. Знам дека очекувал дека ќе потрчам по него, зошто и пред две години ги однесе синовите без мое знаење, па јас веднаш отидов“.

Маркетинг

„Беше тоа најкласична уцена со децата, така е и сега. Страпно е кога некој ве задржува во брак или врска само затоа што брзгранично си ги сакате децата и не можете да си го замислите животот без нив. Меѓутоа, повеќе не можам да простувам зошто само јас знам со колку страв и тага сум се соочила кога не знаев каде се Максим и Ѓорѓе“, рече пејачката за магазинот Хело и ја продолжи својата исповед.

„Ми останува мене со својата одлучност да му дадам до знаење дека повеќе не може така да се однесува кон мене. Од денот кога го објавив постот на Инстаграм, не прозборивме ни збор. Претходно многу часови поминувавме зборувајќи, но се се сведуваше на исто – јас се обидувам да го одоброволам, додека тој, како и обично манипулираше. Во некој момент и јас почнав да манипулирал со нејзините емоции, да видам како тој ќе се однесува. Како и многу пати до тогаш, кога ќе сфатеше дека не може да ме победи, глумеше жртва. Некое време успевав да тактизирам, а кога повеќе не можев да издражам, му кажував што мислам. Во тие ситуации тој го покажуваше вистинското лице. И така од ден во ден… Кога ќе се изнервираше, не ми даваше да ги слушнам синовите“.

„Се јавувам повеќе пати дневно, веројатно му досаѓам, ама јас само сакам да зборувам со своите деца.Во една прилика Ѓорѓе дојде до телефонот од татко му, се скри во тоалетот за да зборува со мен. Во позадината се слушање гласот на Душан и прашањето: „Сo кого зборуваш?” После одговорот: „Со мама“, почна да вика, и притоа јасно слушнав: „Нели ти реков да не го допираш мојот телефон!?“, заклучи пејачката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button