CelebrityНовости

Долго чувана тајна за Лепа Брена: Барав од неа ВИСТИНСКИ БАКНЕЖ, а потоа ја молев да ПРЕСТАНЕ!

Advertisement

Интересни детали од животот на Лепа Брена.

Лепа Брена пред повеќе од три децении заиграла во филмот „Ајде да се волиме“ заедно со Драган Бјелогрлиќ кои сега открива интересни детали од снимањето.

Advertisement

– Бидејќи Брена немаше актерско искуство, јас и реков се да правиме реалистично и да нема фолирање и дека тој бакнеж треба да го направиме онака како што треба.

Фото: Принтскрин

Advertisement

Фото: Принтскрин

Се сеќавам дека режисер беше Станко Црнобрњо и викаше „Стоп, стоп, Брено полека малку“ Сериозно ја сфати таа улога бидејќи беше сериозен професионалец и се правеше 100 посто, но во филмот влезе таа поблагата верзија на бакнежот, кој не беше вистинскиот, открива Драган Бјелогрлиќ.

Сопругот на Брена, Слободан Живоиновиќ се присети на моментот кога се уште не бил во врска со пејачката.

– Се сеќавам додека бев на почетокот на кариерата ми се случувало да сонувам дека сум во врска со Брена. Излеговме во еден  познат клуб и наш заеднички пријател се обиде да не поврзе.

Тогаш не познавав многу луѓе освен Бата Живоиновиќ, кој ни беше наш куќен пријател, раскажува Боба додека Брена открила како реагирала кога го здогледала за прв пат.

– Го забележав додека снимавме една сцена со Гидра. Влезе едно високо и згодно момче, но не стигнав да го запознаам.

Тогаш мојот другар Перче по некој период ми ја покажа средната страна од весникот, каде он се раширил на теренот и така слушнав за него, признава Брена и додале дека на премиерата на филмот се појавил и Боба.

– Полека дојдов до него на маса и како да го знам цел живот, го бакнав и го прегрнав и му реков: Па добро каде си бил ти до сега, а он ми вели „Тука сум“. Веднаш се договоривме ние двајца да излеземе насамо во Нови Сад. Се сеќавам на таа прва средба.

Се затрчав кон него и замислував како на филмовите, сега ќе му скокнам во прегратка, па ќе ме крене и ќе ме бакне.

Кoга му пријдов, скокнав на него, но тој не ме задржа и паднавме и му реков: „Па мислев ќе ме вртиш во круг, дека тоа на тебе ќе ти биде лесно“, а он ми одговори: „Иди бре жено, многу си тешка“, вели низ насмевка Лепа Брена.

Тајно се гледавме во Белград на тајни локации. Беше навистина неверојатно и тешко да се спојат две професии во тој момент, бидејќи секој од нас беше на другиот континент.

Фото: Принтскрин

Се сеќавам во една прилика земав карта во девет навечер и летам за Цирих од Ница за да се видиме во еден хотел. Попатно купувам и шампањ и така седам и чекам. Помина еден, помина два часа неа ја нема, а дојдов само на неколку часа и морав да се вратам назад.

Размислував да не го згрешив хотелот, нема телефони, и си реков океј, убаво го изработи сега убаво чуствувај се. Кoга ете ја на врата трча во прегратка и вика: „Каде си сонце.“ Се сеќавам дека моите сметки за сметки беа огромни, се сеќава Боба кој поради Брена заминал во Чикаго.

– По настапот одам во гардаробата, а таму ме чека Боба. Тој ми вели: Среќна Нова година! Знаеш што одлучив. Доста беше или доаѓаш со мене или никогаш нема да ме видиш. Веднаш му реков „одам со тебе, ми е гајле и за пеење и за турнеите, каде ти таму и јас“. Сите тогаш помсилија дека нема да се вратам. Отидовме во Австралија заедно, летавме сами во авион и уживавме во нашата љубов. Ни беше преубаво, таму бев две недели само со еден мал кофер, откри Брена.

Во продолжение погледнете уште неколку интересни фотографии од свадбата на Боба и Брена.

 

 

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button