Додека многумина добија паричка во лепче за Василица, македонскиот пејач доби нешто многу посебно и убаво
Македонскиот пејач сподели прекрасни вести.
Додека многумина славеа Стара Нова Година, македонскиот пејач имаше друга причина за славење.
Додека на многумина им се падна паричката во лепчето за Василица, на Александар Белов му се роди ќерка.
Среќната вест тој ја сподели на социјалните мрежи, а честитки пристигнаа од сите страни.
„13.01.2022 Ти благодариме Боже што ни дозволи да станеме родители …@ jelena.belov ти благодарам што ни ја донесе нашата нова заедничка љубов … Се роди Мина Белов!“ – напиша тој н Фејсбук.
Во изјава пак за „Репортер“ тој рече дека веста дека има ќерка ја добил среде настап.
То откри дека не знаел како да изреагира, па на микрофон пред сите гости кажал дека станал татко, па гостите веднаш почнале да му честитаат.
Македонскиот пејач Александар Белов, чие учество во музичкото шоу „Операција триумф“ сите го паметиме, се поцврсто чекори на музичката сцена и ниже хитови и успеси.
Во „Операција триумф“ беше главен фаворит на публиката на сите 13 гала вечери, но на крајот сепак заврши на третото место. Но, тука не запре се. Продолжи напорно да работи на својата кариера.
Тој се пријави на македонскиот избор за песна на Евровизија и настапи со песната „Застани, солзи избриши“ чиј автор е Григор Копров. Александар заврши на осмото место.
Во целиот него живот вели дека семејството му е најголема поддршка и утеха во тешките периоди. Вели дека семејството за него е сè и нивните критики и пофалби најмногу му значат.
Во едно свое интервју изјави дека за него успешна жена е жена која истовремено е успешна деловна жена, добра сопруга и нежна мајка.
Александар одамна ја најде жената на својот живот со која долго време е заедно.
Токму поради неа, поради Јелена Станковиќ од Србија, Белов одлучи да ја промени адресата на живеење и да се пресели во Србија.