Од под фустанот и ѕиркаше она што НИКОЈ не требаше да го види – бремената Меган Маркл доживеа крајно непријатна ситуација!
Во рамките на својата кралска турнеја бремената Меган Маркл и принцот Хари ја посетија островската држава Тонга каде што се сретнаа со тамошното кралско семејство.
Но додека излегуваше од авионот на принцезата и се случи една мала непријатна ситуација за која сите зборуваат.
Имено, поранешната актерка од авионот излезе во преубав црвен фустан, но љубопитното око на фотографите веднаш забележаа еден гаф – нејзината стилистка заборави од фустанот да ја отстрани етикетата која што и се познаваше додека чекореше покрај Хари.
https://www.instagram.com/p/BpWK3mznHRz/?utm_source=ig_embed
Од етикетата можеме да откриеме дека станува збор за еден од нашите омилени брендви „Self Portrait”.
Но и покрај ваквата модна грешка, Меган во елегантниот фустан изгледаше прекрасно, а медиумите забележаа и дека изгледа мошне одморено и покрај тоа што секојдневно ги извршува своите работни обврски предвидени во текот на турнејата, иако принцот Хари, нешто порано, призна дека бременоста го зема својот данок.
Но најверојатно мачнините од почетниот стадиум во бременоста поминаа и Меган на нејзиното лице сега го има оној вистинскиот труднички сјај.
И навистина, изгледа прекрасно!