Дино Мерлин за малку ќе и го уништел животот на Емина – среќа не го послушала!

Никој не верувал во оваа пејачка.
Емина Јаховиќ денеска е една од најпопуларните поп пејачи на Балканот, покрај тоа што на самиот почеток од кариерата сите околу неа, а најмногу нејзините членови од смејството не и давале поддршка во оваа работа.
–
Имав неверување околу себе кога започнував. Брат ми Мирсад ми го финансираше мојот прв албу. Мојот брат е многу козервативен.
Сакаше да одбегнам некои валкани работи кои се случуваа на естрадата. Отиде кај Мерлин, се договори со него да работиме заедно. Мерлин сакаше да ме одврато до тоа, ми рече дека работата како пејачка не е за мене.
Јас знаев дека тоа е работа за мене. Мое беше советот да го прифатам или не, искрена била Емина.
Почнав во Сараево, не знам ни зошто. Не требаше. Многу ја сакам Босна, но не сум од Босна, туку од Србија. Почнав од таму бидејќи Дино Мерлин работеше со мене на тој албум. Тоа ЦД не беше за тоа време.
Сакам еден ден да го направам пак, од почеток. Тој албум не е сфатен како што треба, беше 50 години пред време. Тие песни не поминаа добро. Ништо не се случи.
Сите ми зборуваа: „Нели ти рековме, тоа се само потрошени пари…“ Тогаш уште повеќе се наострив за да успеам, раскажува пејачката во една емисија.
Денес таа е успешна пејачка која се омажи за најголемата турска ѕвезда Мустафа Сандал со кого има два сина.
По долгогодишниот брак, ѕвездите сепак ставија крај на нивната љубов, пред неколку години се разведоа и секој си продолжи со својот живот.
Емина Јаховиќ покрај музиката таа започна и свој бизнис, таа креираше своја козметичка линија.
Како што рече, таа била инспирирана од силни жени и од оние жени кои се трудат да станат силни.
Промоцијата се случи во еден белградски бар каде блесна во полн сјај.
-Таа нијанса ме потсети на моментот кога се поцрвене жена, исто како што поцрвенев кога сопругот ме запроси и јас бев многу среќна и таа боја ме потсети на тоа, рече Емина на промоцијата.
Како што рече, во моментов не бара нова љубов.
-Не, не размислувам за тоа во моментов, сега сум фокусирана на овој проект“, рече таа за Објкетив!
Емина Јаховиќ постојано е активна на својот Инстаграм профил често објавува од своето секојдневие, нејзините следбеници се воодушевуваат од пејачката а за тоа сведочат и коментарите под објавите.
Дефинитивно профилот на Емина Јаховиќ е најпосетуваниот на Балканот, навистина има и што да се види таму.
Уживајте во уште неколку атрактивни фотографии од пејачката: