Реклама
LIFESTYLEВирално

Дете (4) почина од „суво давење“ една недела по одморот на езеро – родителите предупредуваат на симптомите

Реклама

Родителите на четиригодишниот Франкиј Делгаде, кој почина неколку дена по одморот на езеро, поради симптомите на т.н. „суво давење’ (секундарно давење), започнаа кампања за подигање на свеста за важноста од препознавање на симптомите и навремена реакција на родителот.

„Зборуваме за суво давење кога едно лице вдишува вода наместо воздух во белите дробови. Во текот на летните месеци, има дечиња кои не се добри пливачи, па така тие може да вдишат морска или слатка вода која дирекно оди во белите дробови – објаснува педијатарот Др. Ива Палчиќ .

Маркетинг

Првиот симптом по вдишувањето на водата може да биде само кашлица, но во рок од 24 часа може да се развие и во нешто посериозно, вклучувајќи го и едем на белите дробови, кој може да има фатален исход.

Така, родителите на Френки велат дека неколку дена по враќањето од одмор, забележале дека тој бил вознемирен и имал дијареа и повраќање, но неговото семејство не го поврзувало ова со играта на плажа и моментот кога Френки паднала во водата и веројатно проголтал дел од неа. Подоцна почнале болката во градите и тешкото дишење, додека одеднаш, во средината на ноќта, престанал да дише. Како што симптомите се развија еден по еден во текот на целиот ден, родителите не реагираа навреме, пишува порталот за родители Parents.

Маркетинг

„Неопходно е да се реагира ако детето дише плитко и брзо, има кашлица, болка во градите, бледо е , повраќа и има зголемено потење. Тоа родителите можат да го забележат, по нарушувањата на дишењето, се промени во однесувањето и значителна поспаност, што се должи на недоволниот проток на кислород во мозокот. Исто така, може да доведе до губење на свеста, и на крајот до смрт, ако не се интервенира во време, предупредуваат докторите.

Третманот на суво давење е релативно едноставен и успешен ако детето е доведено во болница на време – додава докторката Ива за хрватскиот 24 сата.хр.

Второстепеното давење може да се случи неколку часови по излегувањето од водата или базенот. „Ретко е, но се случува“ – изјави Алисон Осинки, експерт за безбедност во вода, за CNN. „Сувото давење се случува кога некој ќе вдише мала количина вода“ – објаснува Џејмс Орловски, доктор во болница во Тампа, Флорида. Сепак, тоа мало количество вода ги спречува белите дробови да ја снабдуваат крвта со кислород.

Поради хемикалиите кои ги има во базените, можно е да настане и воспаление на белите дробови.

Симптомите на второстепено давење, кои се појавуваат во период до 24 часа по вдишувањето на водата, се: отежнато дишење, болка во градите или кашлица, нагла промена во однесувањето и летаргија (екстремен замор). Експертите се едногласни дека најдобрата превенција е внимателно набљудување на децата додека се во вода.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button