CelebrityНовости

ДЕНЕС Е ПРЕКРАСЕН ДЕН! Салфета од Курсаџии крпи крај со крај – актерката во тешка состојба, но сепак радоста во домот не ја крие!

Advertisement

Лилјана Јакшиќ, која македонската публика најдобро ја знае преку улогата на Салвета од „Курсаџии“, пред седум години таа се оствари во улогата на мајка.

Advertisement

Таа денес прославува 59. родеден и открила сега која и е најголема желба.

– Еве само што правам торта, ќерка ми уште вчера мми пееше “Danas nam je divan dan, divan dan”,и ми се јавија роднини за да ми честитаат. Сега правиме торта во вид на срце, а потоа ќе дуваме свеќи, рекла актерката за Пинк.рс.

Advertisement

Кога станува збор за роденденските желби, Лилјана вели дека најголема желба и е да ја нема короната и повторно да може да се врати на настапите.

– Мојата роденденска желба е короната веќе да ја нема, сите да бидеме здрави, да има работа и сите да бидеме насмеани и нормално здрави и јас и мојата Дарија, порачака Лилјана.

Инаку, неодамна Лилјана се пожалила на лошата финансиска ситуација.

– Седум месеци не работам и нормално дека короната влијаеше. Неевројатна ми е приказната, како да сум во зоната на самракот од која не можам никако да се разбудам, открива актерката.

Лилјана истакнала дека помошта од државата е исто како да си „социјален случај“, но и порај тоа таа не упати ниаков апел за помош.

– Не упатувам апел, ни испалатија 90 илјади за првите три месеци, а потоа станавме социјални случаи, поради пандемијата.

Тоа ти е кога животот е лимон, а правиш лимонада. Ми се случи една адвокатска канцеларија да направи донација за играње на мојата пррестава, раскажала актерката и открила дека уште и е потешко што нејзината ќерка оваа година е прваче.

– Таа сега појде во училиште. Дарија беше возбудена, јас бев возбудена. Тоа на мене е еден од највозбудливите моменти во животот. Првото беше кога ми ја донесоа во породилиштето. Јас многу се радував кога кажаа дека децата ќе одат во училиште и ќе седат во клупи, а не да имаат онлајн настава.

Актерката се присети и на денот кога ја роди нејзината ќеркичка Дарија.

-Еве, штотуку ми капнаа неколку солзи радосници, затоа што на пред седум години, ја родив мојата мала Дарија. Емоции, сеќавања, збрка во душата и во главата ме обземаа што дури во еден момент застанав, а тој момент се уште трае, веројатно не сакам да излезам од моментот на целосна среќа која е денес реткост, иркена била Лилјана.

Погледнете како денес изгледа Дарија:

Лилјана ужива во улогата на мајка, таа секој ден ужива во друштвото на својата ќерка.

Погледнете каква роденденска забава и направи на малата Дарија:

 

 

 

Актерката својата наследничка насекаде си ја носи со себе, дури и на нејзините настапи во театарот, но не ги избегнува ниту гостувањата во телевизиските шоуа. Малата Дарија порасна пред камерите, можеби таа ќе го наследи и талентот од нејзината мајка, па за неколку години ќе имаме можност да ја видиме и како гордо и цврсто гази на театарските даски кои живот значат.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button