Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Денеска се слави Св. великомаченица Анастасија, еве што значи нејзинотот име

Реклама

Денеска е Св. великомаченица Анастасија, наградена од Христа со вечен живот.

 

Маркетинг

Зборот маченик е превод на грчкиот мартис, што значи сведок. Значи, мачениците се сведоци, кои со својот чудесен живот сведочат за една божествена стварност што им е достапна на луѓето. А тие што со животот покажале посебно сведоштво за распнатиот и воскреснат Христос, Црквата ги нарекува великомаченици.

Таква беше оваа света Анастасија, по потекло римјанка од виден род. Таа ги поднесе сите неприлики со својот маж, незнабожец, ја поднесе тежината на затворот и во сето тоа не престана да ги помага затворениците и сите што се наоѓаа во некоја мака.

Маркетинг

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Анџела. Била родена во 1248 година, во градот Фолињо, во Италија, во многу богато семејство. Родителите добро ја воспитале. Се омажила млада и во бракот имала неколку деца. Се грижела за децата и успеала христијански да ги воспитува децата. Кога умрел нејзиниот маж, се откажала од целото богатство и им го дала на сиромашните и отишла во Асизи и замолила да ја примат во Третиот фрањевачки ред. Строго му се покорила на редот, се до крајот на животот. Умрела како светица, во 1309 година.

Во оригиналната форма името е: Ἀναστασία, има грчко потекло, а означува ἀνάστασις – воскресение. Од ова име постојат две скратеници – Асија и Настја. Во зависност од тоа како родителите ја нарекуваат својата ќерка во детството, нејзините карактеристични карактеристики почнуваат да се обликуваат, ако е “Асија”, тогаш таа ќе биде моќна и весела, додека ако ја нарекувале “Настја”, таа ќе биде затворена и тивка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button