Девојката на исчезнатиот фудбалер упати апел: „Ве молам не ја прекинувајте потрагата по Сала, јас сум беспомошна….“
Готово е, нема реална шанса аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала да го преживее уривањето на авионот со кој отпатувал од Нант до Кардиф.
Фановите и обожавателите веќе почнаа да објавуваат проштални пораки и да носат цвеќиња на стадионите на двата клуба, но неговата девојка Береница Шкаир сé уште верува дека е жив и моли да не се запира потрагатапо него.
“Ве молам, барајте го и понатаму, не можам да поверувам дека ова се случило и потрагата да престане заради лошите временски услови, не губете време. Јас сум скршена и беспомошна, не можам да престанам да мислам на него ” вели девојката на Сала.
https://www.instagram.com/p/Bs85j9-gKGC/
„За една секунда, нашиот живот може да се промени целосно, ние сме прашина која поминува во универзумот. Зошто не ни се остваруваат соништата? Не престанувајте да го барате и не објавувајте лажни вести, од почит кон семејството. … “, вели во своето обраќање девојката на Сала.