Реклама
Вести

ДВЕ СЦЕНАРИЈА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ (2): Адвокатот Тома Фила го изнесе својот став за случајот – „Чудно е, има многу нелогичности“

Реклама

Двегодишно девојче Данка Илиќ од Бор, исчезна во вторникот околу 13 часот во населбата Бањско поле кај Бор, Србија. Во оваа соседна земја прв пат е активиран системот „Најди ме“, а на местото на исчезнувањето има и голем број полицајци, спасувачки служби, кои трагаат по исчезнатото девојче.

Родителите на исчезнатата Данка Илиќ денеска во текот на денот се донесени во полиција за да го продолжат распитот кој вчера започна во полициската станица во Бор во врска со исчезнувањето на нивната двегодишна ќерка, која беше изгубена пред речиси 48 часа во Бањско поле кај Бор.

Како што дознава „Блиц“, мајката и таткото на исчезнатата Данка Илиќ биле сослушани за околностите на исчезнувањето на нивната ќерка.

Маркетинг
Nestala devojcica Danka Ilic.
FOTO: PRINTSCREEN/FACEBOOK

Адвокатот Тома Фила, како што пренесе српски Мондо, наведува дека во моментов ја исклучува можноста нешто да му се случило на девојчето, бидејќи доколку се случеше најлошото сценарио, таа досега ќе беше пронајдена.

Тој додаде дека Игур Јуриќ, таткото на трагично загинатата Тијана Јуриќ, завршил одлична работа кога е во прашање активирањето на системот „Најди ме“ и дека тоа е голема работа за Србија.

Маркетинг

Тој се осврна и на можниот исход од исчезнувањето на Данка Илиќ и, како што пренесува српскиот портал, презентирал две можни сценарија. Фила вели дека прво треба да се проверат родителите бидејќи е невозможно двегодишно дете едноставно да исчезне. Како друг можен случај изјавил дека се работи за киднапирање.

Имено, како што изјави Фила веднаш по исчезнувањето на детето, прво се запрашал како двегодишно дете може толку брзо да исчезне.

„Чудно е, знаете, многу е мало, истрагата треба да се направи темелно, се треба да се прочешла и проверува, има многу нелогичности “, вели Фила.

Искусниот адвокат во моментов ја исклучува можноста за најлошото сценарио оти досега ќе ја најдеа.

„ Има многу полиција. Досега ќе ја најдеа и затоа ми личи на киднапирање или на продажба“, заклучи Фила.

Кога го прашале новинарите која е неговата теорија за се што се случува, со оглед на тоа што има огромно искуство, Фила вели дека сите докази укажуваат на тоа дека најверојатно девојчето е киднапирано.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button