Реклама
Вирално

ДА СЕ ПОМОЛИМЕ ЗА ЗДРАВЈЕ: Денес се празнува Голема Богородица, нека е напомош! Ова се обичаите за овој голем празник!

Ја славиме мајката божја...

Реклама

Денеска е големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица.

фото илустрација

Овој голем празник е посветен на смр.тта на Марија, мајката на Исус Христос.

Маркетинг

фото илустрација

Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смр.тта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.

Маркетинг

фото илустрација

Датумот на овој празник не се менува, односно Голема Богородица секогаш се слави на 28 август по стариот календар.

фото илустрација

На Голема Богородица како што се нарекува народски, именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…

фото илустрација

Обичај е на овој празник да се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода.

фото илустрација

Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет.

фото илустрација

Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.

фото илустрација

Народот верува дека Богородица е заштитничка и на леунките и на жените им помага при породувањето.

Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

фото илустрација

Се верува дека ако на овој празник жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button