Реклама
Наши ѕвезди

Да не ти се ВЕРУВА -Македонскиот глумец откри за што го КАРА жена му

Бојан Велвски, најавува голeма стендап турнеја „Све ли ја да мислам?!“ со нов досега не објавен  материјал.

Реклама

Еден од најпопуларните македонски стендап комичари, Бојан Велвски, најавува гоелма стендап турнеја „Све ли ја да мислам?!“  со нов досега не објавен  материјал.

Тој ќе настапи на повеќе сцени ширум државата.

Маркетинг

Интерсно е што текстот на овој стендап е дело на популарниот твитерџија Божидар Божиновски. Бојан и Божидар на корисниците на социјалната мрежа Фејсбук им се познати по тоа што постојано објавуваат  анегдоти поврзани со актуелните политички случувањаво државата и меѓусебно се надополнуваат, понекогаш и контрираат на еден многу комичен и допадлив начин за јавноста.

Маркетинг

Токму ова ги поврзало и ги поттикнало на соработка.

„Инспирација има насекаде околу нас, дури и во поголеми количини отколку што можат да се опфатат во час и нешто стенд-ап. Има за до пензија инспирација стенда-пи да се пишуваат и после на децата да остане ко дуќанче. Со години чекам денови каде што ќе нема инспирација и ќе треба да се мисли на тапети или пердиња или со што и да се замараат оние што живеат во нормални општества. Опфатено е секојдневие, она што сме ние, она како сите ги гледаме другите и како другите нѐ гледаат нас, запознавање на природа и општество за повисоките одделенија“, истакна Божидар за инспирацијата за текстот за големата турнеја.

Прилепчани ќе имаат можнот први да се изнасмеат на новиот стенадп на Велевски. Тој , веќе, ја најави премиерата на 13 септември, на салата „Марко Цепенков“ во Прилеп.

„Оваа турнеја ја правам пред сѐ за сцената. Како што тоа изминатиов период го направија ДНК, Некст Тајм и Дарио, време е и комичарите да почнат да прават големи работи, а не само настанчиња за 60-70 луѓе секој втора недела“, рече актерот.

 

 

Инаку тој неодмано во едно телевизиско гостување откри дека неговата сопруга Каролина, го критикувала за насловот. Каролина е дипломиран професор по македоснки јазик и ѝ пречело тоа што „Све ли ја да мислам“ е напишано жаргонски.

-Жена ми е професор по македонски јазик и ме караше зошто во насловот стои  „све“ ,а  не „сè“ и зошто е „ја“ , а не „јас“.

Нон-стоп се караме за вакви работи, низ смеа вели Велевски кои честопати скористи скопски жаргон и во своите видеа, по што и стана препознатлив.

Токму фразата „Све ли ја да мислам“ му стана заштитен знак затоа што спонтано му се наметнуваше покрај секоја комична  содржина споделена со следбениците.

 

Велвски многу често ја вметнува својата споруга низ неговата сатира, и вели дека таа не се лути за тоа што на нејзина сметка понекогаш паѓаат многу смешки.

 

Турнејата на „Све ли јада мислам“ ќе биде заокружена во метрополата на 18 септември. Картите можете да ги набавите ТУКА.

Приватна архива
Приватна архива

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button