Реклама
Вирално

Даунoвиот синдром нема да го спречи да го оствари сонот: “Ќе бидам терапевт”- Ова момче е четврта особа во Европа која ќе заврши факултет

Ова го прави за своето семејство...

Реклама

Вук Трајковиќ од Србија е момчето кое ги поместува границите на Балканот.

фото принтскрин/Инстаграм

Имено тој е роден со Даунов синдром а авршил средно стручно училиште за физиотерапевт каде е прогласен за ученик на генерацијата.

Маркетинг

фото принтскрин/Инстаграм

Тоа што е поразличен од другите не го попречило да го следи својот сон.

Маркетинг

Вук се запишал на Вишата школа за социјална работа.

фото принтскрин/Инстаграм

„Ќе бидам терапевт. Ќе бидам учител“, вели Вук Трајковиќ од Србија, млад човек со Даунов синдром чие видео за Тик Ток го погледнале повеќе од еден и пол милион луѓе.

На него се гледа како Вук зборува за неговите планови за иднината.

фото принтскрин/Инстаграм

Иако во минатото се веруваше дека децата со Даунов синдром или други пречки во развојот не можат да се здобијат со академски вештини бидејќи не се мотивирани да учат, но во овој случај тоа се покажа како неточно.

„Дали си свесен дека ако завршиш факултет, ќе бидеш еден од четворицата со високо образование во Европа?“, е прашањето на почетокот на видеото , а тој одговара: „Да! Тоа што го правам, го правам за себе, за моето семејство и за сите оние кои имаат Даунов синдром“.

фото принтскрин/Инстаграм

Оваа приказна на Вук допре до срцата на многумина.

Неодамна пишувавме и за таткото со Даунов синдром кој одгледа син доктор, приказна која стана вирална на социјалните мрежи.

Фото Фејсбук/Садер Иса

Џејд Иса од Сирија е човекот кој успеа да докаже дека луѓето се во заблуда дека лицата со Даунов синдром не можат да имаат деца.

Џејд ја запознал својата сопруга откако почнал да работи во локална мелница за пченица.

Од нивната љубовна приказна се родил синот на кој му го дале името Садер кој успеа да стане стоматолог и како што вели со најголема поддршка од неговиот татко.

Фото Фејсбук/Садер Иса

Таткото на Садер, Џејд и неговата мајка се запознале откако почнал да работи во локална мелница, двајцата се заљубиле и набргу по венчавката го добиле Садер.

Иако стравувале дека нивниот син би можел да биде роден со Даунов синдром, сепак Садер се родил здрав, а Џејд бил решен да му го даде на својот син најдобриот можен живот. Почнал да штеди пари за факултет и го опсипал синот со љубов;

Фото Фејсбук/Садер Иса

Садер во ниту една прилика не се срамел од својот татко со Даунов синдром, напротив е горд на него а истакна и дека тоа што неговиот татко е поразличен само го инспирираше да ги оствари своите соништа и да го направи своето семејство гордо.

Садер сега е стоматолог, а Џејд не можеше да биде погорд, велејќи им на луѓето „мојот син е доктор“ со најголема гордост.

Фото Фејсбук/Садер Иса

– Не можев да посакам друг татко. Јас сум горд на него и тој е горд на мене. Цели 21 година се трудеше да направи се за да имам нормален живот како што имаат другите деца. За време на студирањето ми беше најголем поддржувач во секој поглед, психолошки, финансиски… – изјави ова гордо момче.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button