Наши ѕвезди

Дарко Лазиќ ќе биде уапсен штом ќе излезе од болница – возел пијан, а сообраќајната дозволата му е одземена пред 5 години

Advertisement

Штом дознаа дека пејачот се разбудил од кома, ја посетија болницата за да земат изјава за сообраќајната несреќа.

Advertisement
Фото: Курир.рс

Полицајците најпрво отишле на одделението за интензивна нега каде докторите ги однеле до собата во која е сместен Дарко, но им дозволиле да останат само две минути поради специфичната здравствена состојба во која се наоѓа. По тој разговор позборувале и со таткото на Дарко, Милан.

„Единственото прашање што му го поставил на Дарко е дали се сеќава на несреќата, а одговорот што го добил не го задоволил полицаецот, но ни докторот што бил присутен на сослушувањето“ – вели избор од оваа болница и додаде дека Дарко кажал дека на несреќата се сеќава само низ магла и дека не му е јасно како се случила. Тој кажал дека не се сеќава на деталите, но дека е свесен дека е во болница поради незгодата што ја доживеал, не е познато дали за несреќата се сеќава од лично искуство или од тоа што го слушнал од докторите и семејството. Тоа ќе мора да го објасни откако ќе излезе од животната опасност, бидејќи овој пат посетата на полицијата беше ограничена само на две минути.

Неофицијално медиумите пренесуваат дека пејачот штом се разбудил кажал „Каде се наоѓам и што се случи?“. Но не е познато дали сеќавањето подоцна му се врати или докторите му кажале дека ја избегнал смртта за влакно.

Advertisement

Како што пишува Телграф рс. поради предизвикување опасност во сообраќајот и возење во алкохолизирана состојба, без појас, дозвола, насилно однесување во сообраќајот… го чека голема парична, но и затворска казна.

„Доколку дојде до сообраќајна незгода во која е повреден само возачот што го управувал возилото, тогаш во прашање е прекрши за кој може да се добие и затворска казна, односно парична.. но доколку личноста која што ја доживеало несреќата управувало со туѓ автомобил, и при таа прилика направел огромна штета на туѓ автомобил или во околината, тогаш има елементи и на кривично дели“, изјави за српскиот портал Ало директорот на Комитетот за сигурност и сообраќај, Дамир Оканович и додаде дека во конкретниот случај, бидејќи Лазиќ нема сообраќајна дозвола веќе цели пет години, истата и не може да му биде одземена.

„На лице што нема дозвола не може да му забраните да управува со моторно возило. Можете да ги казните парично и да им изречете затворска казна“, вели тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button