Гранд ѕвезда се разведе, па драстично го промени изгледот и сега е непрепознатлива
Оние што го следат ова шоу сигурно ја памтат оваа девојка
Пејачката Тамара Драгиќ во 2015 година беше финалистка во познатото музичко шоу „Гранд ѕвезди“. Тоа воедно за неа беше и влез во Гранд продукција, па така по шоуто снимаше неколку песни со кои постигна неверојатен успех.
Тамара во шоуто привлече внимание како со својот глас, така и со изгледот, но и со тоа што работеше како стјуардеса.
Публиката веднаш ја прифати, а во центарот на вниманието се најде и минатата година поради разводот од нејзиниот сопруг, Александар, со кого заедно работеа во авиокомпанијата, пред да и се посвети на својата музичка кариера.
Таа по ова голема одлука во животот направи уште една промена. Имено, атрактивната русокоса ја бојадиса својата коса во црвено, па сега изгледа уште посексапилно.