Градоначалникот на Куманово со сопругата на зимување – уживаат во секој момент што ќе го поминат заедно
Градоначалникот на Куманово и неговата сакана уживаат во првиот снег.

Максим и Надица ги воодушевија сите со најновата фотографија.
Градоначалникот Максим Димитриевски освен што е максимално посветен на својата работа, приватно е грижлив сопруг и татко.
ФОТО: Фејсбук / Максим Димитриевски
Семејните фотографии на профилот на градоначалникот секогаш предизвикуваат воодушевување кај неговите следбеници.
Долги години е во брак со неговата сопруга Надица, а плод на нивната љубов се Милан, Вероника и Димитар.
Градоначалникот често споделува фотографии направени додека времето го поминува со своите најблиски.
Во едно свое интервју има изјавено неговиот брак е со многу љубов, почитување, слога и пред сѐ со разговор.
ФОТО: Фејсбук / Максим Димитриевски
Надица по професија е наставник, но и покрај многуте обврски кои ги има и дома и на работа, се труди да му биде поддршка и на сопругот во сѐ што прави.
На повисоките места во Македонија веќе има навеано снег, па Димитриевски одлучија да слободното време да го поминат во природа.
ФОТО: Фејсбук / Максим Димитриевски
Максим и Надица споделија заедничка фотографија на која изгледаат како холивудски пар, особено
Надица која во секоја прилика е средена од глава до пети.