CelebrityНовости

Го преболи Шабан, па се фрли во прегратки на овој маж – се омажи љубовницата на Шаулиќ

Advertisement

Се омажи Ивона Неговановиќ!

Advertisement

Пејачката Ивона Негоовановиќ позната како Цууца на Инстаграм сподели фотографија од нејзината венчавка.

Цуца во јавноста е позната по тоа што му беше љубовница на Шабан Шаулиќ, па подоцна таа откри дека има син од кралот на народната музика.

Во интервјуто за српски Свет својата исповед Цуца откри дека 15 години била со Шабан и дека тој само со неа почувствувал што е семејство.

Advertisement

– Имав 14 години кога го сретнав во кафеаната во која пеев. Сите ми велеа: Те гледа Шабан, те гледа Шабан… Ми беше срам, што има тој да ме гледа, си мислев…

И така почна се’. Потоа ме врати од Босна во Белград и останав тука. Оттогаш не се разделувавме“, изјави  Цуца.

Во магазинот има и нејзини фотографии со син и, за кој тврди дека дете на Шабан.

На прашањето дали и’ е криво што кралот на народната музика никогаш не призна јавно дека ја сака и не застана во нејзина заштита, Цуца одговори:

– Би го дала својот живот за него. Тој ми беше се’… Никогаш нема дадено изјава против мене, се’ правевме договарајќи се. Никогаш не сакав да признам јавно дека живееме заедно поради неговите деца. Тој многу ги сакаше своите деца. Илда е божествено дете. Таа беше нешто посебно во животот на Шабан. На неа и’ простуваше се’, како и мене. Ја викаше Линдина. За неговиот прв син Роберт зборувавме постојано, но тајно, кога немаше никој, па дури и човекот што чистеше и работеше во куќата. Јас во никого немав доверба, а Шабан им веруваше на сите.

И секогаш бев во право за се’. Чувството зборува повеќе од илјада зборови. Интуицијата е мајка. Шабан страдаше по Роберт, зборуваше дека направил голема грешка и дека никогаш нема да си прости што не можел да се избори со Гордана. Во еден миг го прашав дали направил нешто страшно поради што Гордана го држи во рака бидејќи не можев да сфати како може да зборува толку лошо за жена си, а да не може да ја остави.

https://www.instagram.com/p/B_c1ZnjB3fc/

 

https://www.instagram.com/p/CByFAuGBDir/

 

https://www.instagram.com/p/CE0AddVBegc/

 

Верувам дека нејзе не и’ било лесно со него кога биле млади, сепак тој е Шабан Шаулиќ, веројатно страдала многу, но знаете како се вели – каква ти е жената, таков ти е животот. Навистина не ја мразам, само сметам дека не и’ требаше тоа што го правеше. Сите ние имаме деца, и таа и јас, треба да се плашиме од Господ.“

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button