Џамела Џамил преку социјалните мрежи редовно ги потсетува жените дека треба да го сакаат и да го прифатат своето тело.
Познатата актерка на својата последна фотографија го подигна фустанот и покажа нешто што им е ноќна мора на многу жени.
Имено, Џамела која се прослави со улогата во серијата „The Good Place”, својот пост му го посвети на целулитот. Таа седи во својот автомобил, со подигнато фустанче така што и се гледа голата нога и целулитот преку кој напишала „Love every inch”. „(Го сакам секој сантиметар).
Симпатичната актерка на екипата од социјалните мрежи им е позната како некој што ја цени својата природна убавина и ја промовира свесноста за тоа кај другите жени во светот. Во тој контекст беше и ова порака.
https://www.instagram.com/p/BwPj81qBJtS/
„Дури и за малку целулит велат дека е лошо. Не е лошо, е**но е нормално, човечки е. Заблагодарете му се на вашето тело денес. Тоа е вашиот пријател. Без разлика на тоа што ви го зборуваат модата и филмот. Тие се моите ‘babe-bumps’“ напиша актерката под нејзината фотографија.
Џамeла на социјалните мрежи многу често објавува вакви охрабрувачки постови во кои зборува дека мораме да се прифатиме себеси и да го сакаме нашето тело онакво какво што е, а ги опоменува и останатите познати дами да престанат да промовираат нездрави животни навики.
Па, големо БРАВО за оваа прекрасна девојка!