Го одбележаа детството на многу генерации- може ли да погодите за кои македонски актери станува збор
Многу генерации израснаа со нив, но малкумина се сеќаваат како актерите изгледаа во младоста.
Ликовите од Македонските народни приказни го обележаа детството на многумина, а нивните секогаш интересни и поучни приказни ги собираа сите генерации пред малите екрани.
На социјалните мрежи испливаа фотографии од младоста на Ѓорѓи Колозов, Лазар Бараков и Гоце Тодоровски.
– Нема да го препознаете! Легендата на македонските народни приказни и една младост од 1972 година! По тој повод тој ќе напише:
-Далечната 1972 кога завршив гимназија, кога играв фудбал бос, кога бев примен во Белград, а заминав за подолго време во Австрија.
Убави времиња, со полни срца, а бевме боси … а денес облечени, но со празни срца и маски на лицата!“, стои во објавата на страницата на Колозов под објавената фотографија од Лазар Бараков.
Под фотографијата од Гоце пак пишува дека цели 47 години овој лик го гледаме на малите екрани.
-47 години ги делат овие две фотографии и исто толку го гледаме на телевизија!
Ефенди Цанде, биди ни здрав и жив!-стои под фотографијата.
За легендата пак Ѓорѓи Колозов не мора ни многу да се зборува.
Како што се вели во објавата, него го знаеме уште пред да почне да му белее брадата, а објавената фотографија е од времето кога тој имал само 19 години.
-Го знаевме пред да почне да му белее брадата, а најмногу со бела, а пред воопшто да му расте брада, е таков никогаш не сме го виделе!
Згодниот младич, Ѓорѓи … ексклузивно фото од пред 55 години на негови 19!-стои под фотографијата.
За жал неколку од легендарните ликови од Македонските народни приказни не напуштја, но во 2009 година започна нова сезона на снимање на задоволство на сите.
Режисер на првите 10 нови Македонски народни приказни е Миле Грозданоски, додека сценарист е Шенка Колозова. Понатака режирањето ќе биде препуштено и на други режисери, меѓу кои и Љупчо Билбиловски.
Снимањето е под капата на МТВ и дел од приказните се засновани на македонските приказни собрани од Марко Цепенков. Во новата сезона Македонски народни приказни учествуваат голем број на глумци од старите делови, како и нови македонски глумци.