Го обоиле во розева боја: Спасен гулаб кој бил користен за забава за откривање пол на бебе

Во понеделникот човек спасил гулаб со розова боја од паркот Медисон Сквер на Менхетен.

Љубителот на птици го однел кралскиот гулаб – домашна раса – во фондот Wild Bird, непрофитен центар за рехабилитација и едукација на дивиот свет.
За гулабот, кој подоцна го добил името Фламинго, било кажано дека пристигнал во лоша здравствена состојба.
Групата за спасување животни утврдила дека птицата со светла боја била намерно обоена и веројатно користена за забава организирана за откривање на пол на бебе, експеримент или свадбена веселба, што ги поттикнало вработените да напишат:
„Ве молам никогаш не пуштајте домашни птици во дивина. Ни за свадби, погреби, прослави, уметнички проекти, ништо. (Се надеваме дека „не ги бојадисувате“.) Во дивината тие ќе гладуваат или ќе бидат плен“, напишаа тие.

Фондот за диви птици додаде дека се чини дека птицата никогаш порано не летала и најверојатно била купена на пазар за живина. Птицата исто така покажала знаци на долгорочна неухранетост.

Oвој гулаб, напишаа од групата, нема да може да преживее во дивината бидејќи не може да најде храна, да лета добро или да избега од предаторите.
„Мислам дека никогаш досега розов гулаб не се лекувал во клиниката, така што сите бевме прилично изненадени“, рече Антонио Санчез од Фондот за диви птици.
„Искрено бевме згрозени што некој го направил ова“.
„Ако видите целосно бел гулаб во дивината или некоја питома птица како стои наоколу и изгледа изгубено, му треба вашата помош. Ве молиме, фатете ја птицата и однесете ја во некое прибежиште за животни во ваша близина“, напишале тие.
