Реклама
Наши ѕвезди

Го испеа НАЈГОЛЕМИОТ ХИТ на сите времиња, па се повлече – МАКЕДОНСКИОТ ПЕЈАЧ откри како денес живее на село

Реклама

Македонскиот пејач кој го испеа најголемиот хит на сите времиња, денес живее мирен и спокоен живот на село, но не се откажува од својата најголема љубов.

Круме Спасовски се стекна со огромна популарност веднаш откско во јавност излезе неговиот најголем хит „Чудна жена беше Вера“.

Оваа песна е буквално негова лична карта, кога ќе се спомене неговото име веднаш се пее таа песна.

Маркетинг

Песната е снимена во 74-та година за МРТВ.

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Круме е еден од ретките пејсчи кои можат да се пофалат со 50 години кариера.

Маркетинг

Многу настапи, многу концерти, многу хитови. Од Абер дојде Ајше ле мори, Ајде дали знаеш паметиш Милице, Бог да бие Наумчето, Оф Аман, Јано ле Јанке убава…..до Ај што мерак имам бабо, Подранила Цена, Еј Заге носам чалгии, со антологиската веќе споменатата Чудна жена беше Вера.

Зад себе има многу хитови, а негова најголема инспирација за да создавс тскви хитови е неговата сакана, сопругата Зага. Круме и Зага се 51 годинс во брак, буквално од почетокот на неговата кариера.

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Многупати во своите интервјуа вели декс тој не би бил ова што е денес да не била Зага. Таа е неговата најголема поддршка во кариерата и ветер во грб.

Плод на нивната љубов се нивните две деца Елизабета и Бобан. Зага и Круме сега имаат нова животна улога. Тие се сега баба и дедо.

Од 17-годишна возраст Круме живее во Скопје, а откако се пензионирал со неговата сопруга продолжиле да живеат во неговото родно село Горно Коњаре.

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Нивните ќерка и син си имаат свои фамилии и домови, а кај своите родители доаѓаат кога и да имаат слободно време.

Баба Зага е задолжена внуците да јадат најслатки домашни јадења.

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

„Имам доста голем двор, имам место и за бавча и за стока. Одгледувам прасиња, кокошки, мисирки сѐ имам во двор живина. Тие работи кога ќе ги средам, си одам на

Пчиња во слободното време, оти тука ми е реката. Ми доаѓаат колеги, пријатели, уметници, глумци и се дружиме таму на Пчиња со сите кои што ја сакат природата.

За мене градот како веќе да не постои. Се чувствувам дека не ми е ниту место во градот. Самите години си сакаат мир, спокојство, јас сум си еден тип, имам едно одајче, на никој не смета, одморам, си слушам музика, свој на своето и ништо нема поубаво“, изјави Круме.

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

Фото: Фејсбук / Круме Спасовски

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button