Реклама
Наши ѕвезди

Го живее американскиот сон- Ања Ветерова ужива на Мајами, македонската пејачка „МАГНЕТ“ за погледи

Реклама

Девојчето кое го знаевме од детските фестивали порасна и стана вистинска убавица.

За Ања Ветерова се вели дека го живее „американскиот сон“, а дека тоа е така сведочат и фотографиите кои таа ги објавува на социјалните мрежи.

Маркетинг

Ања моментално ужива во Мајами, а оттаму објави неколку фотографии облечена во тренди макси кошула и секси светкав градник кој беше во фокус.

Преубава, млада и шармантна, нема сомнеж дека Ања ги собрала сите погледи.

Маркетинг
ФОТО: Ања Ветерова/ Инстаграм
ФОТО: Ања Ветерова/ Инстаграм

Иако во моментов се забавува Ања не ја заборава ни музиката.

Таа објави и фотографија во студио, па наскоро може да очекуваме нешто новоод неа кое без сомнеж ќе стане хит.

ФОТО: Ања Ветерова/ Инстаграм

Дека секое име има посебно значење и ја опишува личноста која го носи се согласува и младата пејачка.

„Крстена сум по последната руска принцеза Анастасија која нагалено ја викале Ања, Ањуска. Бидејќи сум родена во август, мајка ми криејќи се од сонцето последните денови од бременоста ги поминувала дома на ладно, гледајќи филмови. Омилен ѝ бил анимираниот „Анастасиа“ и карактерот на малата принцеза многу ѝ се допаднал. Како што ми има раскажувано, првпат кога ме видела, кога ме земала во раце, мојот поглед, обликот на очите ја воодушевил и во нив препознала некои особини од Анастасиа“, раскажува Ветерова во интервју за „Женски магазин“.

ФОТО: Ања Ветерова/ Инстаграм
ФОТО: Ања Ветерова/ Инстаграм

Ања Ветерова реши своето образование да го продолжи со студии на еден од најпрестижните универзитети во Светот, а неодамна настапи во најголемата концертна сала во Беркли.

„Летото 2016 и првиот камп на Беркли во Валенсија беа пресудни за мојата одлука дека дефинитивно Беркли е тоа што сакам да студирам. Одлуката доби на тежина по добиената можност за рана аудиција на 16 години и можноста за стипендија, бидејќи професорите со коишто работев на тој летен камп го препознаа мојот талент. Во март 2017 стигна потврдата дека сум стипендист на Беркли во класа 2022“ рече таа во едно интервју за „Гламур“.

За Бостон вели дека е многу убав град и дека луѓето се многу љубезни.

ФОТО: Ања Ветерова/ Инстаграм
ФОТО: Ања Ветерова/ Инстаграм

„Бостон е универзитетски град и поради тоа има студенти од цел свет, различни култури, богат културно уметнички живот“ рече таа.

Своето искуство да студира на еден од најпрестижните универзитети во светот Ања го опиша како волшебно и магично.

ФОТО: Ања Ветерова/ Инстаграм

Волшебно, магично целото време сум опкружена со музика го учам и правам тоа што го сакам. Многу сум им благодарна на моите родители што ми го овозможија ова задоволство. Овој семестар бев доста активна имав неколку настапи и свое 60 мин. шоу каде што можев добро да се претставам.

Ања неодамна имаше и едно непријатно искуство кое исто така го сподели на социјалните мрежи.

Во моментите кога светот се бореше со пандемијата на коронавирусот таа заврши во болница со висока температура, но сепак причина за тоа не бил коронавирусот.

ФОТО: Ања Ветерова/ Инстаграм

Со температура од 43 степени, Ања Ветерова едвај се закрепне

„Ова сум јас ден по треска од 43 °C (109,4° F) Читате како што треба. И тоа не беше Ковид … Сега, кога целото патување официјално заврши, би сакала да споделам неколку лекции што ги научив во изминатите две недели.

Грижете се за вашето тело и проверете дали живеете здраво секој ден!
Секогаш побарајте медицинска помош кога имате болка! Не ја потиснувајте болката!
Јадете многу овошје и зеленчук И пиете тони вода!
Земете ги вашите витамини!
Не земајте здраво за готово. Не земајте го вашето тело здраво за готово. Вашето тело е дом во кој ќе живеете засекогаш.

ФОТО: Ања Ветерова/ Инстаграм

Целата оваа ситуација со мојот бубрег ме натера да сфатам колку треба да бидам благодарна на некои луѓе во мојот живот. Благодарам на секој од вас кој ми се јавуваше, ми праќаше пораки, ме поддржуваше, ме сакаше во тие денови.

И благодарам на едно посебно момче кое беше до мене до крај.“-гласеше постот на Инстаграм што го напиша пејачката Ања Ветерова која е во Америка. После две недели голгота може да каже дека помина сè, но затоа на сите ни упати вредни лекции.

ФОТО: Ања Ветерова/ Инстаграм
ФОТО: Ања Ветерова/ Инстаграм
ФОТО: Ања Ветерова/ Инстаграм

Извор: Вистина.мк

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button