Гоца Тржан објави радосни вести на Инстаграм, сите и честитаат – пејачката покрај себе го има она за што сонува секоја жена!
Веќе 10 години уживаат во нивната голема љубов
Иако на почетокот од врската се сретнуваа со многу предрасуди и озборувања, пејачката Гоца Тржан и нејзиниот 14 години помлад сопруг Раша Новаковиќ, веќе десет години уживаат во нивната голема љубов.
Како што неодамна изјави Гоца на почетокот го сметала Раша за премногу млад, а тој од самиот старт бил вљубен во неа.
Парот се обидува да добие дете, па одлучија да пробаат со вонтелесно оплодување, што бара многу вера и трпение.
https://www.instagram.com/p/B9PS0qApbmB/
https://www.instagram.com/p/CD4hEvcpGvE/
Пејачката неодамна објави и нивна заедничка фотографија под која што додаде емотивна порака.
„Не е тага кога имаш некого половина да ти ја земе. Сé што имавме споделивме во овие последни девет години, сé е полесно и поубаво кога сме заедно. Одиме понатаму Милиславе, Те сакам“, напиша Гоца.
Инаку, познатата пејачка во својот живот има поминато низ многу убави, но и не толку убави моменти.
Но откако е мајка на девојчето Лена и откако секое утро се буди покрај својот сакан сопруг Раша Новаковиќ, на нејзината среќа и нема крај.
Круна на нивната голема љубов би било и заедничко дете, но на тој план не им оди баш онака како што би сакале тие.
https://www.instagram.com/p/CBwOJaDJ2oN/
https://www.instagram.com/p/CCsY5sBJOib/
„Раша и јас добро го поднесуваме процесот на вонтелесно оплодување. Силни сме психички, но физички не ми е лесно заради хормоналната терапија на која што сум. Ние жените сме во состојба да поместиме ридови за да ја оствариме својата цел, а мојата е на Раша да му родам дете“, вели пејачката.
„Раша и јас веќе девет години ја воспитуваме и чуваме Лена. Тој неа ја прифати како да е негова. Родители ти се оние кои те одгледувале и воспитувале, а не оние што те направиле. Без разлика на се’, јас имам голема потреба да имам дете и со човекот што го сакам. Постојат пречки, но ние сме тука или да ги срушиме или да ги прескокнеме. Знам дека некои парови би биле скршени од ваквата борба, но ние не сме меѓу нив. Ќе останам со Раша дури и ако никогаш не можеме да имаме деца. Нема да го оставам ако и сега не останам во блажена состојба“, вели познатата пејачка во интервју за „Хит“.