Хороскоп

Господе, помогни ми да им простам на луѓето кои ме повредиле…Молитвен хороскоп

Advertisement

Овој пат разгледуваме кој хороскопски знак како се моли и какво е неговото трпение, дали ќе се препознаете…

Овен
Господе, те молам дај ми трпение, ама ако може веднаш!

Advertisement

Бик
Господе помогни ми да ги прифатам промените во животот, но не мора да брзаш бидејќи моментално правам вечера.

Близнаци
Ох Боже или можеби Божица…каде си…која си…како се викаш? Кој ти е телефонскиот број? Каде и кому да се помолам?

Рак
Те молам, Господе, да ја чуваш мајка ми, станот и татковината, додека сум на пат. (Мамо, знам дека не треба да бидам толку зависен од тебе, ќе одам на пат и нема да бидам тука три дена.. Ќе ти се јавам утре, во вторник, среда и во четврток, веднаш кога ќе се вратам)

Advertisement

Лав
Господе, татко мој, ќе бидеш горд на мене, ќе им покажам на сите дека сум подобар од сите браќа и сестри.

Девица
Боже, те молам направи светот да биде подобар и те молам концентрирај се додека го правиш тоа. Последниот пат направи многу грешки.

Вага
Разбирам, Боже, се’ ми е јасно, знам како одлуките и изборот мора да бидат мои. Во ред, Ок е, ако ти така велиш.

Шкорпија
Господе, помогни ми да им простам на луѓето кои ме повредиле; не дозволувај тоа да го заборавам и потсети ме од време на време да им вратам..

Стрелец
Единствен, семоќен, сезнаен, возвишен, семожен, вечен, мој, само мој Боже! Те молам веќе билион пати: помогни ми да не претерувам во животот!

Јарец
Мил мој Боже. Немам што да ти барам. Се’ што треба ќе направам самостојно. Како и да е, фала ти што си тука покрај мене.

Водолија
Господе, знам дека ги слушаш моите мисли и знам дека не треба посебно да те повикувам. Викендов правам забава, па баш ќе ми биде мило ако дојдеш!

Риба
О Боже, ти на небото, ветувам дека веќе нема да плачам, лелекам или пијам; смилувај се и помогни ми само уште овој пат..

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button