Гордост на мама Соња и тато Јохан- најмалата ќерка на Тарчуловски од септември ќе седне во училишните клупи
Гордиот татко убавата вест ја сподели на социјалните мрежи.
Македонската пејачка на фолк музика, Соња Тарчуловска и Јохан Трчуловски во брак се веќе 16 години, а нивното најголемо богатство, круната на нивната љубов, се нивните три деца, Мелани, Младен и Јоана.
Најмалата од трите, Јоана од септември ќе седне во училишните клупи.
Гордиот татко на Фејсбук напиша дека започнуваат нова приказна.
-Започнуваме нова приказна. ЈОАНА прваче. Со среќа,радост и успех. – напиша Тарчуловски под фотографиите.
Соња и Јохан пред неколку месеци ја прославија 16-годишнината од нивниот брак.
По тој повод Јохан на својот Фејсбук профил сподели нивни заеднички фотографии и напиша емотивна порака:
„16 години и во добро и во лошо, и во радост и во тага, но само заедно еден до друг. Нашата приказна продолжува“, напиша Јохан, а од пријателите доби многу честитки и желби останат заедно засекогаш.
Соња Тарчуловска е родена на 19септември 1978 година. Својата кариера Соња ја започна во 1994 година. Во досегашната нејзина кариера зад себе има многу хитови како „Ден по ден“ и „Во бело“, многу концерти во Европа, Австралија и САД.
Интересно е и што нивната ќерка Мелани оди по стапките на својата мајка и веќе започнува да се занимава со музика.
Мелани Тарчуловски своите вокални способности ги претстави на фестивалот „Golden Voice 2020“ каде од 100 изведувачи од 70 различни земји, достојно ја претстави Македонија и го своите второто место. Тој оваа година се одржа на Малта, но поради целата ситуација со пандемијата, истиот се оддржа онлајн.
Јохан Тарчуловски, пак беше македонски бран-ител, поранешен инспектор за придружба во Службата за обез-бедување на претседателот на Македонија Борис Трајковски и во војн-ата во Македонија во 2001 година, об-винет и осу-ден од обви-нителството на Хашкиот трибунал за пов-реди на законите и обичаите на во-јувањето на 12 август 2001 година во село Љуботен.
Неговата сопруга неодамна напиша и отворено писмо до јавноста до сите што ги интересира вистината за парите што нејзиното семејство ги добивало во времето кога нејзиниот сопруг бил во з-атвор.
Ви го пресенесуваме нејзиниот Фејсбук-статус во целост:
„Кој ви рече дека некој бега да одговори на прашањето за надоместокот за трошоците за патувањата во Хаг каде што бевме предадени и обвинети.
Каде побаравте одговор? Одговорот требаше да го побарате кај мене, Соња Тарчуловска. Еве јас ќе ви кажам. Во периодот од 8 години додека Јохан Тарчуловски лежеше во затвор за Македонија, секој месец државата ни исплатуваше надомест од 5.000 евра. Душегрижници, прочитајте добро. Еве ви ја пресметката:
Јас, Соња Тарчуловска, Мелани и мајката на Јохан
Авионскиот билет чинеше 800 евра х 3 = 2.400 евра Најевтиниот хотел во Хаг чинеше 150 евра од вечер, за тројца по 7 дена = 1.050 евра Транспортот од хотелот до затворот во два правца чинеше 40 евра = 280 евра
Секој месец по 1.000 евра префрлуваме на сметка во затворот за исхрана и телефонски картички. Сето тоа вкупно изнесува 4.730 евра. Со преостанатиот дел од 270 евра јас и нашите деца преживувавме месечно во Скопје.
Ова воопшто не е правдање и немам намера никому да му се правдам, но бидејќи јас и моето семејство бевме повикани и оцрнети, наводно сме се богателе од државната сметка, не дозволувам!
Не можете да нè оцрните, а знаете ли зошто? Затоа што нас не можеше да нè скрши и оцрни ни затворот, а камоли вие. Нас не нè раздели ниту душманот. Не можете да ги оцрнете и скршите нашите деца затоа што растеа без татко додека вие ги гледавте вашите секојдневно. Со ниедна изјава не успеавте и нема да успеете мене како сопруга и мајка да ме омаловажите дека сум неморална.
А да не заборавам да им одговорам на сите оние што беа загрижени дека мојот сопруг ме фрлил од тераса. Само едно ќе ви кажам: НЕ, ЈОХАН НЕ МЕ ФРЛИ ОД ТЕРАСА!
Може да сонувате да имате брак како нашиот и никогаш не би се избориле со искушенијата низ кои поминавме ние.
Ова е мое прво обраќање по 5 години.
Верувајте, ниту една детска солза не вреди за никакви пари. Ниту една изгубена младост не вреди за ниедни пари. Ниту една празнина и страв не се надополнуваат со пари.
За крај, ние не предадовме НИКОГО, нас нè предадоа“, напиша Соња на Фејсбук.