Наши ѕвезди

Гордост на баба – внуката на Блага Петреска израсна во вистинска убавица, целата е на мама

Advertisement

Македонската фолк- пејачка е позната по добрата песна, но и убавината која сè уште ја поседува.

Advertisement

Се чини дека во семејството на Блага Петреска убавината е наследна, па не е ни чудно што нејзината внука израсна во преубава девојка.

Леона Кондратенко е ќерка на нашата позната виолинистка Ана Контратенко, која е од Русија и Олег Кондратенко, син на Блага Петреска.

Неспорно е дека Леона ги има наследено и руските гени на нејзината мајка која исто така е вистинска убавица.

Advertisement
ФОТО: Ана Кондратенко /Фејсбук

Очи сини, длабоки и чисти како езера, бела, нежна баш како и мама.

Освен убавината, во ова семејство се чини и музиката им е во гените. Освен Блага Петреска и нејзините родители се музичката брачна двојка-виолинистите Ана и Олег Кондратенко, а и самата таа заедно со својата сестра се појавија во неколку детски фестивали.

ФОТО: Принтскрин /Јутуб
ФОТО: Принтскрин /Јутуб

Еден од нив беше „Супер Ѕвезда“ каде двете девојчиња ја испеаа песничката „Македонка-Русинка“.

Тие се многу резервирани кога станува збор за објавување на фотографии и ретко тоа го прават, но во една прилика Ана направи исклучок и сподели фотографија од својата ќерка Леона за која е малку да се каже дека е убава, всушност има божествена убавина.

Ана преку образованието во Германија дојде во Македонија, каде го запозна и Олег, за кој вели дека е љубовта на нејзиниот живот.

Инаку Ана Кондратенко, е првата виолина на Македонската филхармонија и потекнува од Новосибирск.

Освен синот, Блага Петреска освен синот има и ќерка, а не крие дека е горда и на децата и на внуците.

„Децата се гордеат со мене, а јас со нив. Мојот син, е извонреден професор, диригент и среќно оженет со исто извонредна виолинистка од Русија. Ќерката и зетот исто среќно живеат во странство и се презадоволни. Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала?“ вели Блага за „svet-australia“.

ФОТО: Блага Петреска/ Фејсбук
ФОТО: Олег Кондратенко/ Фејсбук

Во истото интервју Блага Петреска вели дека пеела уште како дете.

„Јас пеев секој ден уште како дете, а ако не запрев мајка ми знаеше дека имам некој проблем. Пеам постојано ама не мислев дека тоа ќе го пренесам на сите во светот каде што не има – МАКЕДОНЦИ. Тоа е голем чест и дарба од Бога да пренесеш енергија и да допреш до најискрените чувства на слушателот. Тоа задоволство со никакви пари не се купува. Ништо не би променила“ вели фолк пејачката и додава дека не брои колку години е на музичката сцена.

ФОТО: Блага Петреска/ Фејсбук

Сепак со оглед на тоа дека е во пензионерските денови и ковид-кризата таа вели дека без проблем седи дома, но дека често чиста Библија и тоа и помага и ѝ го јакне духот.

„Седам дома и се придружувам на препораките. Пензионерите се ризична група. Се молам за сите нас. Читам Библија, го јачам духот. Сметам дека сите треба духовно да се зајакнат, а не со храна. Во моментов сум во делот кај што вели: „Престанете да се грижите само за храната што се расипува. Погрижете се за храната што ти дава вечен живот, која ќе ви ја дадам Јас, Синот човечки, затоа што, Бог небесниот Татко, Ми го даде тоа право“.

Препорача сите да седат дома и да се придржуваат до препораките.

За ковид пандемијата и карантинот зборуваше и нејзината снаа која исто така рече дека нема проблем да седи дома.

ФОТО: Блага Петреска/ Фејсбук

Во интервју за „Независен весник“ вели дека добро и дошло да помине време со својот сопруг, но и да прочита некоја книга или да изгледа некој домар филм.

-Јас и мојот сопруг се погодивме во тоа што сме двајцата „домаседалци“. Така што не ни смета многу тоа што мораме постојано да сме дома. Дури и се радувам на тоа што сега имам време да јадеме секој ден заедно (бидејќи во обичен живот ретко кога се погодуваме во исто време сите дома да сме за јадење), да ги читам книгите што „ме чекаат“ веќе подолго време, да ги гледам филмовите што одамна сакам да ги видам, да слушам некои нови музички дела, да слушам некоја нова музика, итн.

ФОТО: Блага Петреска/ Фејсбук

Вели дека со оглед на пандемијата важна лекција е да ги цениме и малите и секојдневни работи кои ги имаме и правиме.

-Како на пример, слобода на движење, можност да видиме со блиски луѓе, другари или да се запознаеме нови луѓе без да се плашиме да се заразиме, можност за прошетка во кое било време од денот, слобода на патување-отворени граници, рече Кондратенко која во фелата важи за исклучителен уметник.

ФОТО: Принтскрин / Фејсбук
ФОТО: Принтскрин / Фејсбук
ФОТО: Принтскрин / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button