Наши ѕвезди

Горан Пандев уште еднаш ја направи Македонија горда- Прв Македонец кој постигнал вакво успех во фудбалот

Advertisement

Македонскиот фудбалер со потекло од Струмица или како што го нарекуваат „Гранде Пандев“ деновиве е топ тема во светот на фудбалот.

Advertisement

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Горан Пандев уште еднаш успеа да ја направи Македонија горда а овојпат со неговиот успех од 100 гола во серија А.

Имено Пандев со голот број 100 во Серија А се запиша во листата на најсилниот италијански шампионат.

На ваквиот успех никој не остана рамнодушен, па ни матичниот клуб Џенова кој направи видео од 12 минути со сите 100 голови на Пандев, а со овој потег тој стана првиот Македонец кој стигнал до 100 гола во некое од најсилните првенства.

Advertisement

Уште еднаш ја направи Македонија, а посебно Струмица горда!

„Среќен сум заа оваа стотка. Убав ‘гол’, зашто не очекував дека ќе дадам толку многу голови од причина што не сум прв напаѓач. Но многу сум среќен што овој рекорд го остварив во дресот на најстариот клуб во Италија“, рече после јубилејот македонскиот ас.

Пандев сега е во друштво со Џузепе Меаца, Франческо Тоти, Роберто Баџо, Деј Пјеро, Габриел Батистута, Златан Ибрахимовиќ, Лука Тони, Роберто Манчини, Кристијан Виери, Андреј Шевченко и многу други.

Покрај успешната кариера тој е оженет со преубавата Надица со која има три деца, Филипо, Ана и Софија, а баш поради нив Пандев имаше убав повод за славење.

Имено неговиот син Филипо наполни 11 години, а гордиот татко полн со љубов и емоции му го честиташе роденденот на својот син на социјалните мрежи.

„Ти си најголемата среќа во мојот живот. Времето брзо лета. Единаесет убави години, со срце исполнето. Колку само емоции ми даваш. Се надевам дека секогаш ќе ти бидам добар татко, но и пријател. Среќен роденден љубов моја, со сета љубов на светот“, напиша Пандев.

ФОТО: Горан Пандев/Инстаграм

Честитки пристигнаа од многу негови фанови, но и фудбалерите од репрезентацијата.

ФОТО: Горан Пандев/Инстаграм

Инаку Кариерата ја започна во ФК Беласица од Струмица, а летото 2001 година, на само 18 години, е продаден на Интер од Милано за сума од 250.000 евра.

На 15 април 2006, Пандев во дресот на Лацио за прв пат во кариерата постигнува два гола на еден натпревар во победата со 3-1 над Ливорно.

Пандев заедно со Македонската репрезентација испиша историја откако со победа над Грузија се пласираше на Европското првенство, а баш тој со голот во 56. минута од натпреварот, кој беше доволен за големиот успех на нашата репрезентација.

Капитенот призна дека е пресреќен за пласманот на Македонија на дебитантски голем собир, а меѓу другото кажа и што неговите сопруга и деца му порачале пред тргнувањето од Италија.

„Успехот го посветувам на мојата фамилија, тие се мојата инспирација и помош. Кога ме испратија од Италија, жената и децата ми порачаа: Тато без Европско првенство да не се враќаш. Среќни се сите, а јас сум најсреќен. Уште не верувам дека го остваривме сонот, ама за некој ден ќе разбереме што сме направиле. Кога го дадов голот погледнав кон небото и помислив дека вербата во бог ќе те награди. Знаеме дека долги години се мачевме во фудбалот, ама сега треба сите заедно да се радуваме бидејќи тоа го заслужуваме“, изјави Пандев по победата на македонската репрезентација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button