Гол стомак и секси чизми над колена – Јована Јоксимовиќ и по третото породување изгледа жешко и никого не остава рамнодушен
Познатиот пар Јована и Жељко Јоксимовиќ присуствуваа на концертот на Лепа Брена со кој фолк ѕвездата прослави 35 години од својата кариера.
Симпатичната водителка и сопруга на Жељко Јоксимовиќ, Јована Јоксимовиќ, со својот беспрекорен изглед го привлече вниманието на сите. Тие на концертот се појавија видно расположени и цело време не ја тргаа насмевката од лицето, а припадниците на медиумите не можеа да го тргнат погледот од провокативното издание на убавата водителка. Таа за оваа пригода избра куси шорцеви, чизми над клена со високи потпетици и блуска која го откри нејзиниот стомак.
Со ова издание Јована уште еднаш покажа дека и по три породувања може да се пофали со стомачни мускули и беспрекорна линија, а ова секако дека не е прв пат во јавноста да се појави во вакво издание.
Таа и пред неколку месеци на свадбата на Ања Стојковиќ, ќерката на Драган Стојковиќ Пикси, носеше фустан кој исто така го откриваше нејзиниот стомак, а како изгледаше тогаш, погледнете во продолжение.