Големо лајк за овој потег на Форд – изуми куќичка за кучиња која ги штити од бучава од петарди и огномет
На сите веќе им е познато дека домашните миленици не уживаат во празниците како луѓето. За нив, ова време од годината е многу потресно. Имено, звуците од петардите и огнометот може да бидат многу опасни за милениците. Размислувајќи за нив, Форд направи куќичка за кучиња што ги штити од бучава, непријатни звуци и пукотници.
Ова генијално засолниште го креираа со користење на технологијата која е вградена во слушалките и автомобилите, која служи за заштита од надворешна бучава. Речиси педесет проценти од кучиња покажуваат знаци на страв кога ќе слушнете шум од огномет и петарди, и за нив овој изум ќе им донесе мирни новогодишни и божиќни празници.
Сигурно ви изгледа интересно и се прашувате како куќичката работи? Кога микрофон во куќата ќе го препознае звукот на петарди, вградениот аудио систем емитува фреквенции за поништување или за намалување на бучавата. Форд нагласи дека се уште станува збор само за прототип.
Иако не би ни било тешко да замислиме иднина во која сите домашни миленици имаат вакви домови, искрено се надеваме дека тоа нема да биде потребно и дека огнометите и петардите еден ден ќе станат минато. Постојат многу поубави начини да се забавувате, па и за време на празниците, а да ги плашите животните со петарди сигурно не е еден од нив.
https://www.youtube.com/watch?v=3Kc9xzuWP5Q