Големото чудо што се случи во еден манастир – девојче на молитва го здолгеда својот починат татко како оди од чистилиштето во рајот
Најпрво го виде во оган, а потоа…
Во 17 век во бенедиктинскиот манастир Санта Марија де Монтсерат во Каталонија, на опатот Милано де Миранда му дошло заплакано девојче. Побарала од него да одржи три свети миси за душата на нејзиниот покоен татко. Девојчето било потполно уверено дека трите свети миси ќе го забрзаат неговиот пат од чистилиштето до рајот, и така ќе ги ублажат неговите посмртни маки и страдања.
Потресен од нејзината вера опатот закажал миса за нејзиниот татко веќе за утредента. За време на мисата девојчето клечело на колената. Тоа во еден момент го здогледало својот татко во близина на олтарот каде опатот ја држел светата миса. Можела да види како нејзиниот татко бил опкружен со страшни пламени и сместен на задната скала под олтарот. Опатот слушнал што видело девојчето и ја замолил да остави парче платно на истата скала каде што го видела својот татко да клечи. Како го поставиле платното, тоа на изненадување на сите присутни што го гледале ова чудо, се запалило. Овој настан е протолкуван како прочистување на нејзиниот татко со огнот од чистилиштето.
Прикажана била и втората миса за душата на овој човек. Неговата ќерка повторно го догледала. Овој пат била на чекор до ѓаконот и бил облечен во живописно обоено одело како што го опиша девојчето. Во оваа фаза таткото бил во чистилиштето, но повеќе не го допирал огнот.
На третата миса го видела својот татко за последен пат.
За време на мисата го здогледала облечен во бела облека, бела како снег. Потоа по завршување на светата миса повторно се случило нешто необично.
Во еден момент девојчето извикало: „Eне го мојот татко, заминува, се дига кон небото“. По овој настан таа знаела и била потполно смирена бидејќи нејзиниот татко е примен во кралството небесно.