Реклама
Вирално

Голема трагедија – ова е семејството од Шведска што зaгинa во авионот што падна во Иран

Реклама

Голема трагедија

Брачниот пар Рахел (37) и Микаел Линдберг (40) од Шведска зaгинaa со своите синови Ерик и Емил во падот на украинскиот авион во Иран.

Маркетинг

Ерик имаше девет, а неговиот брат само седум години.

Тие се меѓу 15-те деца жртви во несреќата.

Маркетинг

Украинскиот авион се запали откако полета во Техеран. Сите патници и членови на екипажот ги изгубија своите животи.

Се уште не е познато дали е во прашање несреќа или авионот бил погоден од ракета.

Меѓу жртвите имаше и петнаесет деца. Настрадаа 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци, 10 Швеѓани, тројца Германци, тројца Британци и четворица Авганистанци.

Украинската амбасада во Иран прво соопшти дека причина за падот на авионот е проблемот со моторот, а не ракетен напад или тероризам.

Но потоа тие го тргнаа ова соопштение и објавија дека комисијата ги разјаснува причините, како и тоа дека претходните изјави не била официјални.

Авионот падна откако Иран испали повеќе од 20 балистички проектили на две војни бази во Ирак во кои имаше американски војници.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button