ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Дете (7) падна од траект во море, мајката скокнала да го спаси – и двајцата загинале!
И покрај брзата интервенција и мајката и детето не можеа да бидат спасени
Полската полиција денес соопшти дека загинале едно седумгодишно дете откако паднало од траект во Балтичкото море и неговата мајка, која скокнала по него обидувајќи се да го спаси.
Портпаролот на полицијата, Маријуш Цијарка, соопшти дека не било можно да им ги спасат животите.
И двете жртви беа државјани на Полска, објави АП, пренесува српскиот „Блиц“.
Портпаролот на поморската администрација во Шведска соопшти дека детето и мајката починале вчера.
Големата трагедија се случила откако седумгодишното дете паднало од траектот во морето, а мајката скокнала за да го спаси.
Портпаролот на поморската администрација на Шведска, Џонас Гранзен, изјави дека детето паднало од 20 метри височина.
Мајката и детето биле пренесени со хеликоптер во болница.
Во акцијата за спасување помогнале и бродови и хеликоптери од Шведска и НАТО кои во тој момент биле во близина.