Голема радост во семејството на Росана и Маријана – уште еден внук за близначките, еве што значи неговото преубаво име
Во семејството на Росана и Трупче има убав повод за славење.
Тие неодамна споделија дека нивната ќерка е бремена и очекува уште еден син.
На Фејсбук Росана објави фотографии од нејзината ќерка Ивана, заедно со зетот Џејмс и внукот Ноа на кои тие позираат со балони и слики од ултразвук, а среќната двојка покажа дека очекува уште едно момче.
Денеска беше среќниот ден кога се роди и вториот внук на Росана и Трупче, односно нивната ќерка Ивана се породи и на свет дојде уште едно момченце, Матео.
Таа е инаку мажена за Џејмс кој е од Англија и со синчето Ноа живеат во Македонија. Сега нивното семејство се прошири за уште еден член.
Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели Маријана, која е сестра близначка на Росана.
-Матео, мое внуче, наше сонце. Честитки до внуката Ивана и Џејмс Холт. Ноа си доби братче, напиша таа.
Инаку претходно Росана за „Женски Магазин“ рече дека биле пресреќни за доаѓање на уште еден внук.
Вели дека во време на пандемија, во кое владее страв и неизвеснот, убаво е да се чуе нешто позитивно.
„Среќни сме, пресреќни и нека биде со лесно“, рече тогаш Росана.
Ивана и Џејмс веќе имаат еден син, Ноа кој има три години, па најверојатно за него ќе биде најголема радоста за доаѓањето на нов член во семејството.
Росана сè уште важи за еден од нашите најдобри вокали и публиката ги обожава нејзините песни.
Инаку Росана е во брак со актерот Ѓорѓи повеќе од 30 години, а има и „формула“ за успешен брак.
Значењето на името Матео
Матео е варијанта на името Матеја.
Името е од хебрејско потекло, изведено од старохебрејското име Матијах што во превод значи Дар божји.
Тоа е име на еден од дванаесетте апостоли. Името денес во разни варијанти е распространето ширум христијанскиот свет.
Фото: Социјални мрежи