ГОЛЕМА РАДОСТ во домот на Миленко Неделковски – ВОДИТЕЛОТ ЈА СООПШТИ УБАВАТА ВЕСТ: „Ете, и ова го дочекав“

Познатиот водител Миленко Неделковски со своите фанови сподели радосна вест.
Деновиве во семејството на еден од најпознатите новинари во Македонија има огромна причина за славење.
Освeн што е еден од најпопуларните водители во Македонија, тој е и горд татко на две деца.
Неговата ќерка Бона и синот Борис ги доби во бракот со Мила Ивановска.

Бона, Борис и Мила живеат сега се далеку од Миленко и живеат и работат во Соединетите американски држави.
Миленко е доста активен на социјалните мрежи, каде често знае да сподели и фотографии од неговото семејство.

Неодамна тој објави пост поврзан со неговата ќерка Бона, најверојатно поврзан со нејзината професија. Имено, таа е вработена како агент за недвижнини во Capstone Realty & Associates.
„Бомбона бизнис“, стои во опис на фотографијата која Миленко ја сподели на Фејсбук.

Деновиве прекрасна вест пристигна од семејството Неделковски.
Убавата вест ја соопшти токму Миленко.
Имено на 28 мај оваа година тој доби нова животна улога – дедо.

Неговата ќерка Бона ја роди својата прва ќерка.
Водителот возбуден и горд неколку објави на Фејсбук ги посвети токму на неговата внука.
Водителот дури сподели и фотографии од породилиштето и први фотографии од новородената внука.

Прво објави фотографија на која пишуваше “Девојче е”, а потоа уште една на која пишуваше “Официјално унапреден во дедо”.

Со фотографија на која се напишани сите податоци на бебето, заведени од болницата во Америка, Миленко соопшти дека името на неговата внука е Елиана.

Честитки не престануваа да пристигнуваат, а фотките добија многу лајкови и реакции.

Веднаш потоа тој сподели и фотографии од својата ќерка по раѓањето на малата Елиана и први фотографии од бебето.
„На сите што ми честитавте – БЛАГОДАРАМ. Да си дочекате. Ете, и ова го дочекав”, напиша Миленко на Фејсбук.
И Бона е доста активна на социјалните мрежи, па и самата таа на своите следбеници им ја претстави малата Елиана Симон.

Таа често споделува и семејни фотографии, на кои пишува емотивни пораки за семејството.

По повод Денот на татковците сподели фотографија со водителот, а во опис напиша:
„Среќен ден на татковците за најдобриот татко на светот. Те сакам тато“.

Миленко гордо го покажа и својот син Борис и неговата снаа Арина, притоа напиша:
„Ај, за убав ден. Снаа ми Арина и син ми Борис“.

Миленко Неделковски и еден од најпознатите новинари и ТВ водители во Македонија, кој важи за човек без влакна на јазикот и кој секогаш јавно упатува критики до политичките власти.
Роден е во Скопје, во семејството на познатиот фудбалски судија и прв македонски судија со лиценца на ФИФА, Борче Неделковски.

Дипломирал на Природно-математичкиот факултет.
Во студентските денови работел како туристички водич. Како фудбалски судија во пониските рангови има судено на преку 200 натпревари. Повеќе од десет години членува во академскиот хор „Мирче Ацев“ од Скопје. Миленко е во составот на овој хор кога во 1982-ра „Мирче Ацев“ победува на светскиот хорски фестивал во Мидлсборо во Англија во конкуренција на 200 хора од цел свет.
Својата кариера ја започнал во 1983 година, како спортски новинар во редакцијата на Радио Телевизија-Скопје. Нешто подоцна се ангажирал како спортски коментатор во директните преноси на Формула 1, мото-спортови, велосипедизам и гимнастика. Учествувал во подготовка на преносите од Светските првенства во фудбал во 1990 и 1994 година, како и на ЛОИ 1992. Во 1990-тите бил организатор на неколку пријателски натпревари во фудбал од меѓународен карактер.

Од 2006 година, започнал со емисијата Late Night Show, која се емитува на Канал 5 телевизија.
Паралелно со гостувања на личности од политичкиот живот, Неделковски изработувал и „off-road“ емисии.
Во 2008 година, со пресуда на Основниот суд 1, тој бил оcyден на двегодишна зат-вopcка казна за из-мама на 22 македонски граѓани, издавајќи им непостоечки американски визи. Подоцна оваа кaзна му била заменета со ycловна слобода ако во рок од пет години не го повтори делото и ако за една година им ги врати парите, во износ од 160 илјади евра, на оштетените во случајот.

Во февруари годинава од Министерството за внатрешни работи информираа дека во угостителски објект во село Стајковци биле при-ведени 18 лица поради непочитување на мерките за заштита во време на пандемија. Меѓу приведените биле новинарите Миленко Неделковски, Александар Митовски, но и претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.
Имено, како што кажаа подоцна за медиумите тие во ресторанот го прославувале пензионирањето на Миленко. Иако веќе заминувале од локалот, затоа што угостителските објекти имаа право на работа до 21 часот, полицијата ги пресретнала и ги повикала да дадат изјави во полициска станица.

Инаку, Миленко важи за човек без влакна на јазикот, кој е доста активен на социјалните мрежи.
Понекогаш и јавно се спротиставува на државните власти, критикувајќи ги нивните постапки.
Тој исто така обвини дека властите го лажат народот и манипулираат со коронавирусот.
„Спремен сум да влезам во Инфективна и со заболените БЕЗ МАСКА да седам 24/7 седум дена. Доколку се разболам и yм-рам, задолжително лекарски независен тим да изврши об-дукција и да ја утврди вистинската причина за cмp-тта. Доколку се разболам и се излечам, да се објави со помош на кои медикаменти и третмани сум излекуван, за да може сите понатамошни животи успешно да бидат спасени. Доколку ништо не ми се случи, да ми бидат исплатени 500.000 евра обештетување затоа што лажете и манипулирате со наводниов вирус“, напиша тој на Фејсбук.










