Голема радост во домот на Маја Оџаклиевска: Ќерка ѝ соопшти прекрасна вест – честитки пристигнуваат од сите страни
Голема радост во семејството на македонската поп-дива.

Ќерката на Маја Оџаклиевска соопшти прекрасна вест.
Легендарната македонска пејачка Маја Оџаклиевска веќе со децении живее во Белград, каде што и се пензионираше.
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска
Многупати има раскажано детали од својот приватен живот и патот кој морала да го помине за да стане пејачката.
Нејзината популарност се должи на неверојатниот талент за музика кој го поседувала, работењето со полна пареа и многу вложен труд.
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска
Нејзината безвременска убавина остави многу мажи со скршено срце.
„Сребрени улици“, „Шила“, „Лиду лидуду“, „Многу солзи исплакав“ се само дел од нејзините песни кои и ден денес се пеат.
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска
Маја е мајка на две ќерки, Теа и Андреа.
Освен двете ќерки, нејзино најголемо богатство се нејзините внуци.
Долги години самата се грижеше за својот внук Лука, кој е дете со аутизам.
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска
Семејството повторно се прошири откако нејзината ќерка Андреа се породи со своето второ дете.
Андреа е вистинска убавица, која убавината очигледно ја наследила од својата мајка.
ФОТО: Инстаграм / Андреа Оџаклиевска
Таа и нејзиниот сопруг Милош Живковиќ веќе имаат еден син, а атрактивната русокоса соопшти дека се породила и со своето дете.
На социјалните мрежи откри дека повторно добиле син, а овој пат се одлучиле за името Милутин.