Реклама
Наши ѕвезди

Голема прослава во домот на Зуица Лазова и Наум Петрески – нивната ќерка сподели преубава вест

Тато и мама горди на успехот на нивната ќерка

Реклама

Пејачот Наум Петрески е во брак со пејачката Зуица Лазова и важат за еден од најскладните естрадни парови кај нас.

Зуица и Наум од овој брак имаат две деца – помалиот син Стефан и ќерката Македонка која порасна во вистинска убавица.

И токму нивната наследничка деновиве своите познати родители ги направи горди, со пто се пофали и нејзината мајка.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова

Имено, Македонка го наследи талентот од нив, па нејзината мама сега се пофали дека нејзината ќерка е апсолвентка.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова

„Мојата прва вистинска среќа… апсолвент!“, напиша гордата мама под фотографиите што ги објави, а во коментарите се огласи и апсолвентката.

„Те сакам мамичка“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова

По оваа објава на Зуица следуваа бројни коментари, а како изгледаше на еден од најпознатите музички парови во Македонија на овој важен ден во животот, погледнете од фотографиите во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова

И малиот Стефан сака да биде пејач

Инаку, Зуица во интервјуто за Гламур магазин неодамна зборуваше за својата ќерка, но и за синот Стефан кој исто така реши да тргне по стапките на своите познати родители.

„Македонка е апсолвент на ФМУ по соло пеење и тука е насочена, дури сега покажува желба да снима, но поп музика. Додека Стефан иако е прва година на фолклорниот оддел, веќе крои планови како ќе станел пеач. Мислам дека колку им олеснува тоа што не имаат нас за родители, толку ќе им биде и потешко оти ги споредуваат и бараат сличност со нас“, изјави тогаш Зуица, а потоа откри и од кого го наследил талентот за музика нејзиниот сопруг.

Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова

Имено, таа на прашањето дали понекогаш се случува да запеат сите заедно по дома, бидејќи сите се музичари“, таа вели:

Фото: Фејсбук/ Зуица Лазова

„Ретко, но се случува, а најчесто иницијатор е мајка му на Наум која божествено пее“, ни откри пејачката.
Целото интервју со Зуица прочитајте го тука

Фото: Фејсбук/ Зуица Лазова

Фото: Фејсбук/ Зуица Лазова

Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button