Хороскоп

Годишен хороскоп за 2019-та: Бикови очекувајте феноменална година

Advertisement

Според астрологијата, новата година ќе биде премногу возбудлива за Биковите, исполнета со низа изненадувања и неочекувани случувања.

Годишниот хороскоп за Бикот предвидува и многу одлични шанси за напредок во кариерата и остварување на поголем профит. Студентите од овој хороскопски знак ќе добијат шанса за усовршување, дури и можност да започнат кариера во странство. Биковите кои веќе имаат остварена кариера навремено ќе ги завршат сите задолженија, со толку голема креативност која ќе се одрази на целата компанија.

Advertisement

Семејниот живот ќе биде исполнет со љубов и пријатни односи со сите членови на фамилијата. Сепак, ова е и време кога дефинитивно ќе мора да ги поставите своите приоритети и да се посветите повеќе на себе.

На Биковите им советуваме да не брзаат со одлуки и да не потклекнуваат пред желбите, бидејќи со неконтролирано размазување би можеле да западнете во проблеми од лична или финансиска природа. Ќе имате зголемен интерес за социјален живот и забави, сепак нека биде во граници на нормалата.

Положбата на планетите за Биковите ветува одлично влијание на сите животни полиња, а особено на љубовен план, така што, слободните припадници на овој знак може да очекуваат и брак. Што се однесува до зафатените Бикови, новата година ќе биде исполнета со љубов и хармонија.

Advertisement

Здравјето исто така ќе биде на завидно ниво, иако не би било лошо да припазите на изборот на храна и конечно да се одлучите за спорт кој и редовно ќе го практикувате.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button