Гледачите бесни поради оваа жена која ги учи децата од основно што е мастурбација
Гледачите на емисијата „This Morning“ беа револтирани откако едукаторката за секс Кејт Даусон за време на гостувањето изјави дека децата треба да учат за мастурбација и тоа за време на основното училиште.
Кејт објасни дека ги посетувала средните, но и основните школи како децата би ги учела за вагини и пениси и дека понекогаш дури им покажува живописни реплики за да ги поттикне да се чувствуваат угодно во своето тело.
„Најчесто работам со средни училишта, но кога ќе дојдам во основно училиште, мислам дека е многу важно да се разговара со нив особено за тоа дека е нормално да го истражуваат своето тело во приватност ако тоа го сакаат и дека тоа понекогаш може да биде убаво чувство“, вели таа. Таа додаде и дека е многу важно на девојчињата да им се објасни дека нивните вагини изгледаат потполно нормални.
„Многу често сретнувам девојки кои се згрозени од своите вагини. Изложени се на голем притисок дека вагините мораат да изгледаат на одреден начин. Речиси никогаш не гледаме како изгледаат гениталиите на другите, освен во порно филмовите, а луѓето во овие филмови ја добиваат работата поради типот на тело што го имаат“, вели Кејт.
https://twitter.com/LindseysBack/status/1086213347668905986?
Иако изјави дека ги подучува децата кои имаат најмалку 11 години, во емисијата се наметна и прашањето дали треба осумгодишните деца да учат за секс.
Гледачите, според она што може да се прочита на Твитер, очигледно оваа тема не им се допадна и поприлично беа изреволтирани „Децата на осум години НЕ треба да ги учите за мастурбација. Оставете ги да уживаат во својата невиност барем до средно училиште.“
This is just wrong 🙄🤔 why does an 8 year old need to be taught this?! #ThisMorning pic.twitter.com/x06TfteqJn
— 🦋Chloé🦋 (@MissChloeMarie_) January 18, 2019
„Оставете ги децата да бидат деца, и онака денес пребрзо растат. Со осум години се дебело премлади за да слушаат за секс и мастурбација.“
Just leave kids to be kids …kids don’t need to know about wanking at 8yrs old ffs. #ThisMorning
— Adele 🫶🏼 (@Adele2428) January 18, 2019
„Оставете ги децата да останат деца. Не мора да имаат поим за мастурбација на свои осум години“, беа само дел од коментарите.
Па што мислите, дали е природно децата во основно училиште да учат за секс и мастурбација?
Кој е вашиот коментар за оваа тема?