Реклама
Наши ѕвезди

Ги шокираше сите – испливаа голи фотографии од контроверзниот македонски водител (фото)

Младиот шоумен Давид Давидовски објави фтографии на кои е како од мајка роден

Реклама

Со овој свој потег збуни многумина на социјалните мрежи

Водителот на „Ти реков ми рече“, Давид Давидовски (21), реши да си поигра со фановите, па ги „шокираше“ со своите нови фотографии.

Имено, тој позираше во несекојдневно издание со кое привлече големо внимание и никого не стави рамнодушен.

Маркетинг

Имено, Давид позираше како од „мајка роден“, а својата гордост ја сокри со пердето и едно сино срце.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Давид Давидовски

„Кога ќе се погледнам си велам на самиот себеси: Ух, машала“, напиша тој под контроверзните фотографии.

Фотографиите можете да ги видите тука

Фото: Инстаграм/ Давид Давидовски

Инаку, Давид е радиоводител на шоуто „Ти реков, ми рече“ на Метрополис радио, а стана познат во јавноста по својот ексцентричен стил на облекување за кој тој самиот вели:

„Се што е ново, поразлично привлекува внимание. Јас сум среќен што е така, затоа што јас не сум банкар, па да не треба да привлекувам внимание, јас сум шоумен, така да тоа е многу нормално луѓето како мене кои се занимаваат со шоу-бизнис да привлекуваат внимание“, изјави тој неодамна во своето интервју за „Гламур магазин“.

Фото: Инстаграм/ Давид Давидовски

Како што самиот вели, потекнува од угледно скопско семејство и приватно е тотално различен од тоа како се појавува.

„На сцена сум онаа контроверзна ѕвезда Давид кој се бори за естрадата, кој секогаш го кажува тоа кое другите не смеат да го кажат, сака драми, прави драми, пее, скока, глуми…“

Фото: Инстаграм/ Давид Давидовски

„Додека, па во приватниот живот сум нешто сосема поразлично, многу сум мирен, досаден, некој кој сака да помага на сите будали околу мене, братски сум поставен кон сите, иновативно размислувам за различни бизниси и проекти кои наскоро ќе ги остварам и во главно се занимавам како ,,борец за човековите права”.

„Луѓето или ме мразат до коска или ме сакаат до болка, кај мене нема средина“, вели Давид во своето интервју за Гламур магазин.

Фото: Инстаграм/ Давид Давидовски

Со Давид поразговаравме и за тоа зошто луѓето мислат дека е геј, а што ни одговори тој, прочитајте тука.

Фото: Инстаграм/ Давид Давидовски

Фото: Инстаграм/ Давид Давидовски

Фото: Инстаграм/ Давид Давидовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button