Ги собра сите погледи на тиркизниот тепих- Македонскиот преставник на Евровизија со впечатлив стајлинг
Со необичен и впечатлив стајлинг македонскиот преставник на Евровизија 2021 година продефилира на тиркизниот тепих во Ротердам.
Васил Гарванлиев гордо чекореше по тиркизниот тепих и го привлече вниманието на сите во елегантен елек без ракави долг до земјата и круна од парчиња огледало.
Креацијата е на Раде Василев, а во изјава за „Репортер“ Васил вели дека отворањето на Евросонг било магично.
Го донесовме сонцето во Ротердам. Требаше да врне, беше најавена бура, но кога се појави нашата делегација, блесна сонце“, рече Васил за „Репортер“.
Васил треба да настапи в првата полуфинална вечер и ќе настапи шести по ред о песната Here I Stand.
Минатата година Евровизија беше откажана, но оваа година се одджува, но под посебни протоколи, а според правилата во публика ќе има само 3500 лица кои ќе го следат целиот настап во живо, но ќе мораат да имаат негативен ПЦР тест, а откажани се сите забави поради пандемијата со коронавирусот.
Момчето кое пред 20 години ја испеа песничката „Марионка“ неодамна прозборе за својата интима.
Во интервју за британскиот магазин „Attitude“ изјавил дека да се биде хомосексуалец е веројатно најмалку интересната работа за него, но и дека е тешко да се зборува на таа тема.
Васил Гарванлиев откри дека на 16 години, преку писмо, ѝ го признал тоа на својата мајка. Од неа добил безусловна поддршка, за која вели дека му помогнала полесно да се справи со тоа што го чувствувал.
Тој вели дека е време да сподели сè за себе и да биде тоа што е.
„Роден сум и пораснат во Македонија каде што дефинитивно не е во ред да се биде геј, или нешто од тоа. Секогаш кога ќе се вратев дома, на Балканот, во Македонија, чувствував потреба да ставам маска. Сочувствувам толку многу со сите кои живеат во страв од пресуда, дискриминација, неправда, малт-ретирање“, изјавил Гарванлиев за „Attitude“
За Васил ова не е првпат да се појави на Евровизија.Во 2019 беше ратечки вокал на Тамара Тодевска.
Неодамна пак токму поради евровизиската песна Васил беше мета на критики поради наводно појавување на бугарско знаме во спотот, но и поради тоа што имал бугарски пасош, по што Васил и се обрати на својата публика преку социјалните мрежи.
Тој појасни дека поседува бугарски пасош веќе 20 години, но дека со гордост ја претставува нашата земја на Евровизија.
Му посакуваме успех и секако пласман во финале, па и победа.