Реклама
Наши ѕвезди

Гавазова ужива за сите пари со својот сопруг – по Тајланд отпатува на уште едно ЕКСТРА луксузно место

Пејачката повторно го сруши интернетот, по Тајланд замина во Дубаи и го направи ова

Реклама

Нашата позната фолк-пејачка ги воодушеви сите со својата совршена линија што ја покажа на ова возбудливо патување.

Македонската фолк-пејачка Сузана Гавазова пред неколку дена заедно со својот сопруг и нивните ќерки замина на одмор од соништата. Имено, фолкерката најпрво ги изненади сите со серија свои објави што ги направи на Тајланд, а со кои доминираше на Инстаграм.

Облечена во различни костими за капење Гавазова покажа како ужива за сите пари на почетокот од 2023 година, но и зошто се уште важи за една од најзгодните пејачки во нашата земја.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Таа на ова патување секако дена не зема со себе капи, шалови и ракавици, туку летни парчиња со кои сите ги остави без здив.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

И откако помина неколку дена на преубавите плажи во Тајланд, пејачката сега објави и едно стори од Дубаи.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Но овој пат не беше нејзиното тело во преден план, туку раскошот на овој град кој очигледно ја импресионираше и пејачката.

Како таа изгледаше на ова свое патување во Тајланд и Дубаи, но и со кои кадри на многумина им го разубави денот, погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Под секоја нејзина објава следуваа бројни шерови и коментари, а сите се согласни дека никогаш не изгледала подобро.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Секако дека најмногу коментари предизвика нејзината „позадина“, што некои го препишуваат на добрата генетика и вежбање, но има и такви кои се убедени дека е во прашање естетска хирургија.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Гавазова во една пригода отворено зборуваше на оваа тема, односно ни ја откри „тајната“ на нејзиниот беспрекорен изглед.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button