Вљубени како првиот ден – еве како ужива Каролина со сопругот, романтична фотка што на многумина им го разубави денот!
Познатата и талентирана македонска пејачка на романтично патување со сопругот.
Иако летните денови, но сигурно стануваат посвежи, дождливи и сиви сепак може да се види по некоја фотографија од море и летните одмори.
Убавата Каролина Гочева заедно со својот сопруг летово беа во Турција, а деновиве пејачката се потсети на летниот одмор и сподели неколку фотографии.
Прошетки на плажа, ноќни прошетки и разменување нежности со својот сакан.
Убавата битолчанка зрачи со убавина и шарм, а нејзината витка става остава без див.
Тие претходно беа на патување во Грција, па евидентно е дека двајцата уживаат кога се заедно.
Михаил и Каролина се во брак веќе неколку години, а сè уште изгледаат вљубени како првиот ден.
Каролина во 2017 се омажи за познатиот уметник Михаил Корубин, а свадбата беше организирана на уникатна локација-Аеродромот Стенковец.
Во неколку наврати таа зборуваше дека двајцата уметници функционираат одлично и дека двајцата имаат флексибилно работно време и може да одлучат кога ќе одмараат или кога ќе работат.
Каролина Гочева потекнува од семејство на доктори. Нејзините најблиски се занимаваат со медицина, а таа сепак се одлучи за друга професија, во која и тоа како е успешна.