Времето запрело за него: Сашо „Пијан и млад“ објави нова фотографија и покажа како изгледа
Времето запрело за некогаш најпопуларниот македонски пејач.

Сашо уживаше во огромна популарност кон крајот на 90-тите.
Сашо Спасовски беше тинејерска атракција и идол на младите во тој период.
ФОТО: Принтскрин
Девојките беа заубени во него, а момчињата го имитираа.
Со својата гитара, бебешкото лице и широката насмевка шармираше каде и да се појави.
ФОТО: Принтскрин
Неговите песни соборуваа рекорди на слушаност и беа на врвот на топ-листите.
Во неговите видео-спотови тогаш се појавуваа најубавите македонски девојки, манекенки, мисици, модели…
ФОТО: Принтскрин
„Пиjaн и млад“,„Животе сладок си“, „Не ги гаси свеќите“ ги паметиме сите.
Сигурни сме дека кога ќе ги слушнете овие песни, ви навират спомени на едно безгрижно време, време на младоста.
ФОТО: Принтскрин
Сашо остави навистина траен белег, но во екот на својата популарност одлучи да се повлече од сцената и исчезна.
Како што тогаш истакна, причината за неговото повлекување е тоа што одлучил да се посвети на студиите во Софија по соло пеење.
ФОТО: Принтскрин
Љубовта кон музиката никогаш не исчезнала кај овој пејач. Тој и ден денес се занимава со пеење, но оперско.
Сашо е активен и на социјалните мрежи, но многу ретко споделува свои фотографии.
Со најновата фотографија на Фејсбук тој ја остави публиката со подотворена уста.
ФОТО: Принтскрин
Сашо воопшто се нема променето и изгледа скоро исто како на почетокот на својата кариера.
За овој човек времето како да запрело.
ФОТО: Фејсбук / Сашо Спасовски
ФОТО: Фејсбук / Сашо Спасовски
ФОТО: Фејсбук / Сашо Спасовски
ФОТО: Фејсбук / Сашо Спасовски