Реклама
Вести

„Во семејството не смее да има тајни, верувам дека некој е вмешан и дека детето е скриено поради некоја причина“: Јуриќ за случајот со исчезнатата Данка

Реклама

Двегодишната Данка Илиќ која се води за исчезната од вторникот, 26 март, околу 13 часот во Бањско поле кај Бор, се уште не е пронајдена.

Основачот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца, Игор Јуриќ, учествувајќи во емисија во живо, кажа нови детали од истрагата за случајот со исчезнатата Данка Илиќ објаснувајќи зошто потрагата на терен била прекината по 27 часа.

„Не, тоа апсолутно не значи дека некои работи се откриени, напротив, значи само дека нема потреба да се троши работна сила и да се насочува енергија кон тој дел од теренот, кој е целосно и темелно прегледан. Штом немаме дополнителни информации, истрагата продолжува, сега истрагата тргна во друга насока и се вршат некои оперативни дејства поврзани со сознанијата за самото девојче“, изјави Јуриќ.

Маркетинг

Тој вели дека во случаите на исчезнување на детето родителите мора да споделат сè со полицијата, дури и најинтимните семејни тајни, кои може да бидат важни во тие моменти.

Маркетинг

„Кога зборуваме за овие ситуации, кога детето ќе исчезне, едноставно, не смее да има никакви тајни во семејните односи, напротив, треба целосно да ѝ помогнете на полицијата. Ако имате каква било ситуација што може да доведе до несакан настан, во случајот исчезнување мало девојче, мора да кажете сè што знаете“.

Основачот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца вели дека во деновите кога не знаеле каде е ќерка му Тијана Јуриќ посакувал некој да излезе и да побара откуп.

„Навистина верувам и го чекам соопштението на полицијата за да видам кое е конечното решение за оваа драма, но, дефинитивно, бев среќен што детето не беше пронајдено на тој простор, особено таа прва вечер бидејќи тешко дека детето може да преживеало таму во тие услови. Кога исчезна Тијана, се надевавме дека некој ќе ни побара откуп и дека е жртва на киднапирање, некако сега се надевам дека има шанси детето поради некоја причина да е со некои луѓе и да е уште живо. Таа надеж постои во нашите глави, но од нашето искуство мораме да бидеме подготвени за најлошите вести.

Според него, добро е што е пребарана областа и последната надеж е дека некој е вмешан и дека детето е скриено поради некоја причина.

„Сега очекувам дека оперативците на МУП ќе завршат добра работа и дека, конечно, ќе ја дознаеме вистинската вистина.

Nestala devojcica Danka Ilic.
FOTO: PRINTSCREEN/FACEBOOK

Игор Јуриќ зборуваше и за активирање на системот „Најди ме“.

„Системот го активираат началниците на полициските одделенија, во случајот тоа беше полициското одделение каде што детето исчезна. Кога ќе се процени дека детето е во опасност, системот се активира. Она што беше специфично во овој случај е дека детето е екстремно мало, самите околности беа многу чудни и полицијата бргу реагира и поради возраста на детето, темелно го пребара теренот.

„Полицијата се погрижила да не го загрози дополнително животот на детето и да ги истражи сите околности, детето да не биде жртва на киднапирање, да не се бара откуп и слично, затоа системот бил активиран околу 7 часот“, објаснува тој.

Инаку, според последните информации на српски Курир од местото на настанот, полицијата го блокира приодот до викендицата во чиј реон последен пат била видена малата Данка, меѓутоа, во план е да целосно го исчисти пристапот до фармата, со помош на големи машини и багер.

Сепак, се уште не може со сигурност да се каже која е точната причина и што моментално се бара во самиот двор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button