Реклама
Вирално

Во овој балкански град нема заразени – корона вирусот ги заобиколи само заради една причина

Реклама

Во хрватскиот град Вировитица нема да сретнете ниту еден човек на улица, а надлежните со мерките реагираа пред другите.

Популацијата во оваа област во Славонија е многу дисциплинирана и ги слуша препораките на стручните лица.

Маркетинг

Во ова гратче во парковите нема да видите како си играат деца, а на улиците нема луѓе кои се шетаат и возат велосипеди.

За разлика од некои други места, во Вировитица граѓаните веќе подолго време влегуваат во продавниците еден по еден, а на влезот се проверува дали ги дезинфицирале рацете. Истото се случува во и пред банките – пензионерите влегуваат еден по еден, и држат растојание меѓу себе.

Маркетинг

Директорот на Институтот за јавно здравје на округот Вировитица-Подравина, епидемиолог Мирослав Венус за хрватските медиуми изјави дека досега се земени 38 примероци за тестирање на вирусот корона, од кои 33 се негативни, а за пет се уште ги чекаат резултатите.

Од штабот за цивилна заштита велат дека клучен потег е откажувањето на најголемиот економски настан – „Виро експо“, кој собира 30 000 луѓе. Саемот требаше да се одржи од 13 до 15 март.

Тоа е најзначајниот настан за оваа област, но одговорните без да размислуваат го откажале. Тие успеале да ги убедат своите граѓани за сериозноста на состојбата и придржувањето кон мерките на Штабот, поставиле и полициски пунктови за оние што влегуваат во округот да проверат дали ја нарушуваат самоизолација. И овие мерки биле успешни.

Докторот Венус посочи дека сите влезови во болницата биле затворени, освен оној, каде што се наоѓал тријажниот контејнер. Тој исто така изјави дека постои и амбуланта за „ковид-19“ со лесна клиничка слика, која работи така што доаѓаат луѓе со автомобилот од кој не излегуваат, а потоа медицинските лица земаат брис и ги испраќаат дома во самоизолација, сè додека не ги добијат наодите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button