Во боја на лаванда од глава до пети – Џулија Робертс и нејзината стилистка во потполно идентично издание на црвениот килим
Ново шик издание на актерката со најубавата насмевка во Холивуд
Една од најпознатите холивудски актерки Џулија Робертс повторно ги изненади сите. Таа важи за вистинска модна икона кога се во прашање комбинациите што претставничките на понежниот пол ги носат на гламурозните настани, а овој пат на доделувањето на наградите на порталот „InStyle“ во Лос Анџелс посебно го привлече вниманието
https://www.instagram.com/p/BpSCkeRAEAs/?utm_source=ig_embed
Имено, таа на црвениот килим се појави заедно со нејзината стилистката Елизабет Стујарт. Тие и двете беа потполно идентично облечени, односно во сако и панталони во боја на лаванда и розови кошули, па дури носеа и исти чевли (и за цело време се држеа за рацете!).
https://www.instagram.com/p/BpR7Z9TnNU6/?utm_source=ig_embed
Тие имаа дури и иста фризура – и на двете им беше пуштена и со благи бранови им паѓаше до рамениците.